Нежни кадрици
Создај природни кадрици што изгледаат како да си се разбудила со нив
- Подготви ја влажната коса со спреј за заштита од топлина, така што ќе ја испрскаш од коренот до врвовите и ќе ја исчешлаш за да се распредели рамномерно.
- Исуши ја косата со фен за да создадеш привлечен и природен изглед. Извиткај ја малку косата со пегла за коса, за да создадеш нежни бранови. Почни од коренот и свиткај ја косата во насока спротивна од лицето пред да продолжиш кон врвовите.
- Извиткај ги кадриците нагоре, закачи ги со шнола и испрскај малку спреј за коса, за кадриците да траат подолго време и да имаат природен сјај и хидратација.
- Извади ги шнолите, растреси ги кадриците и помини низ нив со прстите, за да ги разделиш. Косата изгледа природно и модерно.
Луксузен холивудски гламур
Обликувај ја косата до елегантно совршенство, со оваа модерна верзија на класичната холивудска фризура
- Подготви ја влажната коса со спреј за заштита од топлина, испрскај ја од коренот до врвовите и расчешлај ја за да ја распределиш.
- Направи страничен патец, со користење на лакот на веѓите како водич, а потоа нанеси малку пена со прстите.
- Исуши ја косата со тркалезна четка за зголемен волумен, подигни ја косата од коренот и извиткај ја навнатре.
- Откако ќе се исуши, извиткај го предниот дел од косата со фигаро. За кадрици инспирирани од златната ера на Холивуд, по секое виткање, намотај ја секоја кадрица, со шнола закачи ја на главата и нанеси лак за коса. Остави ги да се оладат.
- Извади ги шнолите и нанеси спреј за сјај, исчешлај ги кадриците и измазни ги зад увото. Испрскај спреј за сјај на врвовите на прстите и нежно нагласи ги предните кадрици, скроти ги разлетаните влакна и додај сјај.
Истапирана ниска пунџа
Изгледај природно, модерно и средено, со класична ниска пунџа
- Подготви ја косата со пена за да додадеш малку волумен.
- Исфенирај ја косата така што ќе го насочиш фенот кон коренот, за да додадеш волумен. Како што косата почнува да се суши, виткај ја околу прстите, за да создадеш природни и брановидни кадрици.
- Собери ја косата во ниска странична пунџа, со рацете, за да изгледа малку несредено. Зацврсти ја со стегач за коса, а потоа разлабави неколку прамени, со нежно тегнење, за да создадеш поголем волумен.
- Прицврсти ги слободните краеви со шноли и на крајот нанеси спреј за сјај.
Модерен рок-шик изглед
Остави посебен ефект со коса за кул-девојки
- За да создадеш привлечни кадрици што изгледаат фантастично (и што не изгледаат како да си потрошила многу време), подготви ја косата со малку пена, така што ќе ја нанесеш од коренот, а потоа ќе продолжиш надолу кон врвовите.
- Исфенирај ја и помини низ косата со прстите, за да создадеш лежерен изглед.
- Направи патец на средината, така што ќе ја исчешлаш косата наназад и ќе ја оставиш природно да се раздели. Исфенирај го предниот дел од патецот нанапред и надолу.
- Со фигаро извиткај ја косата, за да создадеш нежни брановидни кадрици. Остави ги да се оладат, а потоа исчешлај ги.
- Преврти ја косата наопаку, а потоа испрскај ја со лак за коса, особено коренот, за поголема долготрајност, сјај и волумен. За природен и лесен изглед, разбушави ја косата со прстите.
Исчешлана наназад
Остави впечаток со привлечна коса што е исчешлана наназад и многу шик
- Подготви ја влажната коса со спреј за заштита од топлина, така што ќе ја испрскаш од коренот до врвовите и ќе ја исчешлаш за да се распредели еднакво.
- Додај пена на коренот, а потоа исфенирај ја за да биде права и исчешлај ја наназад.
- Откако ќе се исуши, подели го горниот дел со рацете, исчешлај ја косата назад со пена и стави ја зад ушите. Исчешлај го горниот дел наназад, нанеси пена со рацете и потоа повторно исчешлај ја.
- За крај, протриј поголемо количество пена помеѓу рацете, а потоа нанеси ја на косата, за да ги скротиш разлетаните влакна. На овој начин ќе создадеш беспрекорен изглед што трае долго време.
Густа исфенирана коса
За прекрасна коса со волумен што изгледа како да си била во салон
- Подготви ја влажната коса со спреј за заштита, така што ќе ја испрскаш од коренот до врвовите и ќе ја исчешлаш за еднакво распределување.
- Испрскај делови од косата со лак за коса. Искористи тркалезна четка, за да создадеш големи кадрици. Исфенирај го секој дел од коренот до врвовите, така што ќе ја виткаш косата надолу и кон лицето. Намотај ги кадриците околу прстот, закачи ги со шнола на главата и остави ги да се оладат.
- Извади ги шнолите, растреси ја косата и нежно исчешлај ја, за да создадеш мазен и среден изглед.
Мазна коса што привлекува внимание
Неверојатно шик и зрачи со самодоверба, стил што го привлекува вниманието
- Подготви ја влажната коса со спреј за заштита од топлина.
- Исфенирај ја за да биде рамна, користејќи рамна четка. Фенирај надолу од коренот до врвовите. За суперрамна коса, дополнително исправи ја косата со пегла за коса.
- Земи го предниот дел од косата, исфенирај го наназад и закачи го со шноли.
- Нанеси поголемо количество спреј за сјај, за да додадеш сјај и да ги скротиш разлетаните влакна. За крај, измазни ја косата, за да создадеш мазен самоуверен изглед.
Париски полусобран изглед
Никогаш предотерана, но секогаш елегантна, со изглед што е инспириран од Париз
- Подготви ја влажната коса со спреј за заштита од топлина, така што ќе ја испрскаш од коренот до врвовите и ќе ја исчешлаш за еднаква распределба.
- Исфенирај ја и измазни ја со рацете, за „несовршен“ изглед.
- Подигни ја косата на темето и испрскај лак за коса на коренот, за да додадеш волумен. Исчешлај ја косата наназад и закачи ја со шнола, за лежерен полусобран изглед.
- Нанеси малку спреј за сјај, за да ги скротиш разлетаните влакна и да додадеш малку сјај - и готово! Исто како парижанките!
Странично коњско опавче
Мазно и лесно, направи странично коњско опавче во три едноставни чекори
- Подготви ја влажната коса со спреј за заштита од топлина.
- Исфенирај ја, за да биде рамна со четка. Фенирај надолу од коренот кон врвовите.
- Исчешлај ја косата наназад и направи странично коњско опавче, на долниот дел од главата. Нанеси малку лак за коса, за природна цврстина и малку сјај.