Седум правила на италијанската убавина

Италијанците се елегантни, друштвени и имаат беспрекорно чувство за стил. Како им успева? Овие 7 правила ќе ви покажат како да ја достигнете италијанската уметност на убавото живеење.

1. Кожа како бакната од сонце
​Кога ќе помислите на Италијанците, веднаш помислувате на убава кожа. Тенот како бакнат од сонце е сон на многумина. Го посакувате таквиот ефект? Земете руменило што одговара на вашиот природен тен. Неколку потези на јаболчиците, носот, брадата и на челото ќе направат вашата кожа да изгледа потопло. Ќе ви откриеме една тајна - и Италијанците го прават тоа! Патем, дали знаете дека  топчињата за нијансирање Giordani Gold се рачно изработени во Италија?!

2. Усни што кажуваат многу
Италијанците обожаваат да зборуваат... многу. Особено кога пред нив има вкусни тестенини или еспресо. Затоа, карминот мора да е интензивен и да прилега. Исто така, треба да ги штити усните со заштитен фактор. Бојата е индивидуална работа. Она што е модерно во моментов се мат-нијансите!

3. Златни детали
Исончаната кожа обожава златни нијанси! Така кожата изгледа уште поисончано и ви дава топол сјај. Може да е часовник, накит, торба или дури... парфеми! Giordani Gold Essenza, со впечатлива нота на портокал во центарот, ќе ги стопли вашите сетила и ќе ве натера да се чувствувате луксузно. Неговото капаче е направено од вистински златен лист. Не е ни чудо што од овој парфем се продаваат 1.000 шишенца за 24 часа.

4. Класични очи
На
улиците во Рим и во Милано едвај можете да видете Италијанка без очила за сонце. Но, дури и ако носите модерни големи очила, тоа не значи дека не треба да ги шминкате очите! Италијанките го обожаваат класичниот изглед со маскара и молив за очи. Бидејќи тие се исто така и романтични души, честопати се емоционални и никогаш не забораваат крем за очи навечер, за да ги избегнат темните кругови. Следете го нивниот стил!

5. Неуредна коса
Италијанците водат бурен живот и тоа се познава по нивната коса. Сепак, некако нивните неуредни фризури изгледаат модерно! Исчешлајте ја косата со прстите или соберете ја без да се гледате во огледалото. Верувајте ни, ќе изгледате супер!

6. Bella Figura
Немојте
да мислите дека Bella Figura значи совршено тело. Не, ова всушност го претставува италијанскиот став што ги прави Италијанките убави и полни со самодоверба. Тие зрачат со елеганција без да се арогантни, изгледаат убаво, а не се површни, имаат совршени манири, но се топли и дружељубиви. Обратете внимание на вашето однесување и дефинирајте го вашиот италијански стил.

7. La dolce vita
Како да живеете убаво? Италијанските жени изгледа ја знаат оваа тајна. Тие ги ценат малите работи, го слават секое јадење со блиските и прават работи што ги исполнуваат. Софија Лорен вели: „Убавината е она како се чувствуваш одвнатре и тоа може да се види во очите“ -затоа живејте убаво како што вам ви одговара!



Фотографии: Oriflame Brand Images