СПРЕЈ ЗА КОСА
Многу луѓе го нанесуваат спрејот блиску до косата концентрирајќи се на една точка. Резултат? Коса која нема убав изглед! Пробајте да прскате од најмалку 30 см. оддалеченост од главата, на овој начин ќе се создаде лесен слој кој нема да ја стврдне косата!
ПЕНА
Пената за обликување е најдобро решение за беживотната коса, но сиромашната апликација ќе ја остави косата во леплив неред. За виткана коса се нанесува мала количина на дланките и се аплицира на краевите на мокра коса. Можете да користите чешел за да ја разнесете пената од коренот до врвовите на косата – ова е одличен начин за додавање текстура.
СЕРУМ
Ако вашата коса го изгубила сјајот тогаш серумот е производот херој. Неколку капки од серумот создаваат тенок заштитен слој и обвивка на кутикулите за сјај на косата. Како и да е, не претерувајте со нанесување серум на коренот! Наместо тоа, нанесете повеќе на врвовите каде оштетувањата се најчести.
ЗАШТИТА ОД ТОПЛИНА
Повеќето луѓе ставаат сосем малку заштитен спреј и веднаш користат преса или фен. Ако не сакате оштетена коса, потребно е да нанесете заштитен спреј на целата коса и да ја расчешлувате пред секоја постапка.
ШАМПОН ЗА СУВО МИЕЊЕ
Овој шампон ги отстранува од скалпот природните маснотии и додава текстура. Многу жени го користат на начин што ја прскаат неизмиената коса пред да излезат од дома – што е погрешно. Шампонот треба да се измасира во корените исто како кога ставате обичен шампон и потоа косата убаво да се расчешла за да се отстрани белиот слој што го остава.
РЕГЕНЕРАТОР ШТО НЕ СЕ ИЗМИВА
Могу честото недоразбирање околу овој регенератор е тоа што се мисли дека не е потребно косата претходно да биде третирана со обичен регенератор. Тоа е погрешно мислење. Измијте ја косата со шампон и ставете обичен регенератор, потоа поделете ја косата на два дела и со помош на прстите расчешлајте го регенераторот што не се измива низ косата.