6 трикови со шминка за послаб изглед на лицето

Доколку сакате остри црти и истакнати јаболчници, но природно имате помек изглед, не грижете се! Има неколку едноставни техники на контурирање со кои можете да ги дефинирате и нагласите вашите црти за само неколку секунди - ќе ви покажаме како.



ШТО ВИ Е ПОТРЕБНО: 

Мат бронзер или течна пудра
Хајлајтер
Соодветни четки (добро нанесување е основно!)
Сет за веѓи и маскара која додава волумен 

1. ДЕФИНИРАНИ ЈАБОЛЧНИЦИ

Одберете мат бронзер или течна пудра која е две нијанси потелна од вашиот тен.  Свијте ги усните, и со користење на четка за шминкање нацртајте дијагонална линија од длабнатината на образот до увото. Кога ќе ја нанесете бојата, следен чекор е да нанесете хајлајтер на јаболкцата на образите


2. ОСТРА ВИЛИЦА

Користете голема четка за да нанесете бронзер покрај виличната коска; ова ќе ви додаде дефиниција. Потоа, земете потемна нијанса и нанесете ја под брадата така што ќе ја измешате со бронзерот надолу по вратот за да креирате длабочина.


3. ПОТЕСЕН НОС
Креирајте илузија на потесен нос така што ќе нанесете потемна течна пудра покрај страните на носот. Потоа, нанесете хајлајтер и размачкајте го по средишниот дел на носот. Измешајте ги двете нијанси со четка за шминкање и ќе добиете потесен нос за неколку секунди!

4. НАГЛАСУВАЊЕ
Техниката за нагласување ги користите производите за нагласување за да го привлече вниманието кон центарот на вашето лице така што ќе направи да изгеда потесно. За да го направите тоа, потребен ви е хајлајтер кој ќе го по средината на носот, покрај коските на веѓите, во центарот на брадата и над купидоновиот лак.


5. НАГЛАСЕНИ ВЕЃИ
Полните веѓи го балансираат изгледот на тркалезното лице. Ако имате тенки веѓи, пополнете ги со пудра за веѓи или креирајте наглсен лак кој ќе го подигне вашето лице и ќе привлече внимание кон очите.


6. ГОЛЕМИ ОЧИ, ПОТЕСНО ЛИЦЕ
Темниот кармин може да ги направи вашите усни да изгледаат потенки а лицето пошироко. Затоа, фокусирајте се на очите. Молив за очи и маскара која додава волумен (како таа на The One) се одличен начин да ги нагласите очите!


Текст: Фотографии: Fotolia