6 чекори за да станете експерт за маскара

Класичната техника „горе и нанадвор“ е универзален начин за нанесување маскара, но не и единствен. За да ги прошириме вашите хоризонти, ќе споделиме со вас 6 нови начини за попрекрасен изглед на вашите очи!

1. ЗАНИШАЈТЕ ЈА ВАШАТА ЧЕТКА
Сакате
свиткани трепки што траат? Нанесувањето исто количество маскара врз целата должина на трепките претставува главен проблем! Наместо тоа, нанесете подебел слој кон коренот, притоа внимателно нишајќи ја четката напред-назад, и нежно туркајте ја маскарата кон врвовите на трепките.

2. НАНЕСЕТЕ ЈА МАСКАРАТА ВЕРТИКАЛНО
Сакате
поприроден изглед? Лесно е! Сѐ што треба да направите е да ја свртите четката на вашата маскара и притоа да ја нанесете вертикално. Искористете го врвот на четката и поминете го по должината на трепките. И ете - подолги, поприродни трепки за миг.

3. ФОКУСИРАЈТЕ СЕ КОН СРЕДИНАТА
Кој
не сака крупни, тркалезни очи? Ние сакаме! Па, како да постигнете таков ефект? Замислете го окото на три дела. Нанесете ја маскарата само кон средниот дел, користејќи го врвот на четката со движечка насока кон горе. Резултатите се гледаат веднаш!

4. НАНЕСЕТЕ ЈА МАСКАРАТА ДИЈАГОНАЛНО
Друг
начин вашите очи да изгледаат поголемо е со дијагонално нанесување маскара. Клучно за оваа техника е да се повлече четката под одреден агол, наместо да се нанесува од коренот па нагоре. Потоа заокружете го изгледот со нанесување дополнителна маскара кон надворешните ќошиња на трепките.

5. ПРИТИСНЕТЕ ГИ ТРЕПКИТЕ ЕДНА ДО ДРУГА
Очи
како на кукла е еден од најактуелните изгледи во моментов. Исто така се нарекува и пајакови трепки, а тоа се всушност подебели и поцврсти трепки што се спојуваат една до друга на одредени места. Добијте го изгледот со нанесување подебел слој маскара и употребете виткач за трепки што ќе направи тие да се залепат една за друга.

6. СВИТКАЈТЕ ГО ВРВОТ НА ДРШКАТА НА ЧЕТКАТА
Тешко
ви е да стигнете до внатрешните делови на очите? Тогаш овој трик е за вас! Нежно свиткајте го врвот на дршката на четката за маскара во агол од 90 степени, при што полесно ќе го контролирате. Сепак, пред да испробате, имајте на ум дека штом ќе ја извиткате дршката, нема да можете да ја исправите повторно.



Текст: Фотографии: Getty Images