Пет одлуки за нега на кожата во 2017-та

Пиењето вода и навлажнувањето се нешта што сите ги знаат. Но постојат навики што луѓето не ги имаат предвид, а што се еднакво важни. Прочитајте ги НОВИТЕ одлуки што треба да ги остварите во новата година!

1. ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ НА ВАШАТА РУТИНА
Имате рутина за нега на кожа? Ако немате, сега е време да создадете. Рутината за подмладување на Орифлеим, клинички докажано, ќе ви ги даде најдобрите резултати од вашите производи и ќе ви одземе само две минути! Таа се состои од четири едноставни чекори: чистење, очи, зајакнување и навлажнување. Започнете денеска!
Ви препорачуваме: NovAge Ecollagen

2. ЗАШТИТЕТЕ ЈА КОЖАТА ОД ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ 
Користењето УВ-заштита во текот на целата година е многу важно за вашата кожа. Но сонцето не е единствениот „негативец“ кога станува збор за оштетување на кожата. Ние живееме во загадена средина, која предизвикува нерамномерен тен, дамки и сува кожа. Во 2017-та заштитете ја кожата!
Ви препорачуваме: NovAge Дневен крем СПФ30

РАЗМИСЛЕТЕ ЗА УБАВИНАТА ОДВНАТРЕ
Внатрешната убавина добива ново значење кога ќе ги погледнеме трендовите за убавина за оваа година. Квалитетните производи за нега на кожа се добри за вашата кожа, но не и единствен начин да постигнете поздрав изглед. Додатоците во исхраната можат да ја подобрат еластичноста на вашата кожа и да ги намалат брчките.
Ви препорачуваме: Swedish Beauty Комплекс плус

4. ДОЗВОЛЕТЕ МУ НА СОНОТ ДА ВИ ПОМОГНЕ
Осумчасовниот сон е клучен за кожа што изгледа добро. Во тој период вашите клетки работат напорно за да ја разубават и обноват вашата кожа. Ова можете да го забрзате со помош на производи наменети за ноќно користење. Прво, секогаш треба да користете ноќен крем како дел од вашата рутина. Потоа, пробајте ноќни маски што ќе ви дадат моментални резултати.

5. МИСЛЕТЕ ДОЛГОРОЧНО
Вашата
последна одлука се однесува на вашите одлуки за да вложите во вашата кожа. Откријте кои производи за нега одговараат на вашата кожа и возраст и приспособете го изборот. Не заборавајте да користете квалитетни производи и секогаш гледајте напред!

 





Текст: Фотографии: Anna Mårtensson & Getty Images

Купете ги производите од овој текст

Поврзани написи