5 Совети за блескава кожа оваа есен

Кога ќе залади, мошне е лесно да ја запоставите вашата кожа – најпосле, ќе биде покриена во догледната иднина. Но, пристигнувањето на есента бара од вас да и дадете на кожата посебна нега и грижа, да ја поправите штетата од сонцето и да ја подготвите кожата за прстојните груби зимски услови. Одржувајте ја кожата блескава со нашите пет совети.

1. 

ЧИСТЕТЕ ГО ЛИЦЕТО


Летото може да ја остави кожата безживотна и груба, затоа е важно да правите пилинг и да ја хидрирате кожата по летната сезона. Направа за чистење (како што е SkinPro Системот за чистење на лице) нежно ја отстранува нечистотијата и насобраната мртва кожа. Мислете на него како на систем за измазнување кој ја подготвува кожата да ги апсорбира состојките кои се наоѓаат во серумите и хидратантните креми. Здраво за сјајна кожа во есен!


2.

ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО КРЕМ ЗА РАЦЕ


Многу често кога станува збор за нега на кожата, ги забораваме дланките, а сепак дланките се изложени на надворешните влијание исто како и лицето. Како што дланките стануваат посуви и пукаат во есен, инвестирајте во заштитен крем кој ги храни и навлажнува, како оние од SoftCaress линијата. Почнете сега за најдобри резултати!


3.

ЕКСФОЛИРАЈТЕ СО ПИЛИНГ НА БАЗА НА МАСЛА


Сoнцето и хлорот ја прават кожата сува и склона на лупење, затоа почнете ја сезоната со ексфолијација на целото тело. Пилинг на база на масла ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки, додека во исто време ќе ја навлажни кожата. Претворете го ова во навика и правете пилинг еднаш неделно – резултат ќе биде убава, сјајна, мазна кожа во многу брзо време! 


"Редовно вежбање е исто така клучно за одржување здрава кожа.”

4. ЗАМЕНЕТЕ ГО ЛОСИОНОТ СО КРЕМ
Кога воздухот станува посув, на вашата кожа и е потребен погуст препарат за хидратација. Лосионите се лесни и повеќе одговараат за топлото летно време, додека побогатите креми се идеални за хидратација и заштита на кожата во зима. Дневниот крем ќе ви обезбеди силна маслена бариера која ќе го намали губитокот на вода, додека во исто време ќе и обезбеди хидратација на кожата


5. ИСПОТЕТЕ СЕ 
Воопшто не е новост дека вежбањето е добро за вашето срце, бели дробови и ментално здравје. Но она што можеби не го знаете е дека вежбањето е исто така клучно за одржување здрава кожа. Кардиоваскуларните вежби (како трчање, возење велосипед или танцување) ја подобруваат вашата циркулација, јахранат кожата и помагаат да се исфрлат токсините од телото. Затоа, дури и кога температурите се ниски, излете и вежбајте – мислете на вежбањето како чистење на телото од внатре кон надвор!

Текст: Фотографии: Shutterstock