Топ 5 стилови за шминкање очи!

Можеби не носиме шминка за очи секој ден, но има неколку стила - попрецизно, пет - што мора да ги знаеме ако сакаме да оставиме впечаток.

1. КРИЛЕСТ ОБЛИК НА ОЧИ
Крилестиот
облик го разубавува мачкиниот изглед за очи. Едноставно е: ви требаат само вашата омилена боја на туш за очи (сината е омилена оваа сезона!) и моливче за исцртување со шилест врв.

Ви треба: The ONE Liquid Metal Течна сенка за очи
Погледнете го нашиот водич: Крилест облик на очи

2. „ОЧИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО“
Сигурно сте ги виделе модерните „очи во центарот на вниманието“ на модните писти, но можеби не сте ги забележале. Тоа е стил на шминкање очи што го нагласува центарот на очниот капак и ги прави очите поотворени - ова е омилениот стил на ѕвездите. За да го усовршите изгледот, користете метална кремава сенка за очи, кајал туш за очи и маскара!

Ви треба: The ONE Colour Impact Крем сенка за очи 
Погледнете го нашиот водич: „Задимени“ очи „во центарот на вниманието“

3. НАСЛИКАНИ ОЧИ
Ако најчесто се инспирирате од модните писти, тогаш сигурно ви е познат овој тренд на убавина. Насликаните очи можат да имаат повеќе форми и текстури, од светки што се протегаат до слепоочниците, до неон-геометриски форми - ова е омилен стил на девојката што сака да е „кул“. Потребни ви се молив за очи и стабилна рака!

Производ што морате да го имате: The ONE Туш за очи во молив
Погледнете го нашиот водич: Насликани очи од модните писти

4. МАЧКИНИ ОЧИ
Мачкините очи се вашиот класичен изглед. Но дури и наједноставната шминка за очи може да биде сложена за правење. Ние сакаме да користиме малку селотејп од најниската линија на трепки до слепоочницата за да го добиеме вистинскиот агол секогаш.

Пробајте: Giordani Gold Течен туш за очи
Погледнете го нашиот водич: „Задимени“ мачкини очи

5. „ЗАЧАДЕНИ“ ОЧИ
Како и малиот црн фустан, „зачадените “ очи треба да се основниот женски вечерен стил. За да го усовршите овој изглед потребни ви се неколку нијанси сенка за очи: потемни тонови за дефиниција на работ од очите и посветла нијанса за нагласување на внатрешните рабови од вашите очи. А за очи што навистина „испуштаат чад“, збогатете ги трепките со GG All-in-onе маскара.

Овој изглед ќе биде ваш со: Giordani Gold Палета со сенки за очи
Погледнете го нашиот водич: „Задимени“ очи




Текст: Фотографии: Крег Теунисен, Викторија Стилвел, Маркус Аскелоф