5 грешки во шминкањето - решени засекогаш!

Модерната жена е соочена со многу предизвици за шминкање - нагласени мачкини очи, сложени техники за контурирање и средување густи, но и прецизни, веѓи. Сепак, не грижете се. Ние сме тука за да ви помогнеме.

Проблем: Моите мачкини очи изгледаат искривено!
Решение: Пробајте го овој професионален трик: земете малку селотејп и притиснете го неколкупати на вашата рака за да ја намалите неговата лепливост. Потоа ставете го селотејпот под вашата долна линија од трепките и насочете го кон слепоочниците. Така ќе го добиете аголот на линијата што треба да ја повлечете. Користете течен туш за очи за вашите трепки и за да ја продолжите линијата каде што е селотејпот. Оставете го да се исуши пред да го отстраните селотејпот. Ете - совршени мачкини очи!

Проблем: Контурирањето ме прави да личам на кловн!
Решение: Во
ред е да не сте професионалец за контурирање - верувајте ни, тешко е! Најголемата грешка што ја прават луѓето е што забораваат да ги израмнат контурите. Ако вашиот нијансер е нанесен на јаболчиците и на линијата од брадата, земете сунѓерче и размачкајте ја бојата малку. Истото тоа важи и за нагласувачот: израмнете со мека четка за шминкање или истапкајте со чист прст за да немате драстични контрасти.

Проблем: Секогаш кивам кога ставам маскара!
Решение: Што и да
правите, не бришете ја маскарата веднаш. Тоа само ќе ја зголеми шансата за размачкување на шминката повеќе. Наместо тоа, оставете ја маскарата да се исуши. Потоа ставете мала четка за коректор или стапче за уши во отстранувач на шминки и внимателно избришете ги дамките.

Проблем: Моите веѓи прават да изгледам вештачки!
Решение: Густите веѓи што привлекуваат внимание се во мода - но тоа не значи дека се лесни за правење. Честа грешка е што луѓето го прават предниот дел од веѓите во форма на квадрат наместо да направат природни линии со молив или со сет за веѓи. Друг проблем е што понекогаш ги правиме веѓите подолги. Еве едноставен трик за да не го правите тоа повеќе: земете молив и насочете го од вашата ноздра до надворешниот агол од окото - толку долга треба да е вашата веѓа. А, како последен совет, бојата нека биде природна.

Проблем: Имам црвенило околу носот!
Решение: Црвенилото околу носот најчесто настанува поради зголемено триење кога се дува носот, па затоа, наместо да го дувате носот, пробајте да го поминете носот со марамче. Ако носот ви е црвен кога ќе преминете од ладно на топло, внесете лесен лосион за чистење, богат дневен крем или масло во вашиот режим за нега на кожа. Пудра, заедно со коректор што одговара на вашиот тен на кожата, исто така може да ја неутрализира бојата.


Текст: Фотографии: Кристин Врејфорд, Маркус Аскелоф