Пет празнични изгледи што можете да ги испробате веднаш!

Оваа сезона е сезоната кога треба да изгледате најубаво! Без разлика дали присуствувате на забавата на работа, дали играте додека не се поклопат стрелките или додека уживате во вечерата со вашите љубени, ние го имаме совршениот изглед за вас!

1. ЅВЕЗДЕНИ НОЌИ
Доколку сакате да ги вчудовидите вашите пријатели, пробајте да додадете светкави додатоци за коса со иглички во вашата фризура. Ви препорачуваме да изгледате едно од нашите видеа за да го направите тој изглед дома - сѐ што ви е потребно е да имате при рака цврст лак за коса и иглички за коса!

2. ПОД ИМЕЛАТА
Кога декември ќе тропне на вратата, очигледен избор се црвени усни. Вистинска одлука е текстурата: кадифена-мат боја или ултрасветкава боја? Нашиот Matte Mousse најдобро оди во пар со полни, природни веѓи и ненагласена шминка на очите, а ние ви предлагаме светкав финиш со зачадени очи за максимално влијание. Дополнете го вашиот изглед со кадифена јакна - парче облека што е потребна во секој зимски плакар!

3. ОЧИ СЈАЈНИ КАКО ОРЕОЛ
Исто така познати како очи во центар на вниманието - очите сјајни како ореол се нашиот предлог-изглед за оваа сезона. Едноставно нанесете темна, зачадена сенка врз долниот и горниот агол на вашите очни капаци, со светкава кремаста сенка во центарот, со што, гарантираме, ќе заблескате!

4. СВЕТКАВ ТРЕПЕТ
Доколку постојат време и место за носење светки, тоа е сега. За тие што се срамат да засветкаат, светкавите бисери Giordani Gold се суптилен начин за да ги нагласите вашите јаболчици и да заблескате. Но тие што се посмели, може да го комбинираат својот фустан со светкаво моливче за очи и металик кремаста сенка за очи – колку посмели толку подобри е нашата изрека!

 

5. ПРАЗНИЧЕН СЈАЈ
Тешко е да се одржи светол тен во ова време на годината – ладното време и доцното седење во ноќта можат да предизвикаат оштетувања на вашата кожа. Направете вашето уморно лице да заблеска со нанесување осветлувач врз јаболчиците и нежно извиткајте ги трепките, со мал додаток маскара за да ги истакне вашите очи. Но за беспрекорна сезонска кожа, најдобриот изглед се постигнува доколку посветите две минути наутро и навечер, за рутинска нега на вашата кожа. Ништо не е споредливо со тоа!



Текст: