1. ЗАБОРАВАШ ДА СЕ ПОДГОТВИШ
Дебелите веѓи, како тие на познатата манекенка Кара Делавињ, се во мода. Но таквите веѓи не се постигнуваат лесно. Четкај ги веѓите нагоре и нанадвор за да го постигнеш саканиот облик. Потоа отстрани ги влакната што се надвор од обликот. Добар основен облик е клучот до совршени веѓи!
2. ПРЕТЕМНИ ВЕЃИ
Сите сакаат смели веѓи, но некогаш тие изгледаат неприродно. Избегнувај го прекумерното потемнување на веѓите и избери нијанса што е слична на природната боја на веѓите. Ако ти е тешко да најдеш производ што ти одговара, пробај сет за веѓи и спој различни нијанси.
3. НЕ ЈА ПОПОЛНУВАШ ЦЕЛАТА ВЕЃА
Друга грешка што ја прават луѓето е што се фокусираат на центарот на веѓата. Наместо да ги нагласат влакненцата со мали потези, тие прават една линија на средината на веѓата. Не прави го тоа! Крајната цел е веѓите да не бидат прецртани, туку природни.
4. НЕ ЗНАЕШ ЗА ДОСТА
Оваа грешка се прави често, иако воопшто не е тешка за коригирање. Не плаши се, совладај ја оваа лесна техника еднаш засекогаш! Избегнувај да ги продолжуваш премногу краевите на веѓите. Држи го моливчето од ноздрата до надворешниот агол од окото. Ова ќе ти помогне да одредиш каде треба да завршува веѓата. Многу лесно!
5. НЕПРИРОДЕН ОБЛИК
Неколкупати кажавме дека веѓите треба да изгледаат што е можно поприродно. Во мода се суперприродните веѓи, со висок лак и квадратест почетен дел. Тие можеби изгледаат интересно, но можат да изгледаат и премногу вештачки. Затоа обиди се да го избегнеш овој насликан облик и нагласи ја својата природна убавина.