5 изгледи за секој гостин на свадбата

5 изгледи за секој гостин на свадбата

НЕВЕСТАТА
Вашта венчавка ќе биде еден од деновите кои најмногу ќе ги паметите во животот. А вие, драга невесто, без сомнение ќе бидете во центарот на сечие внимание. Како да бидете сигурна дека изгледате најдобро што можете? Едноставно: бидете СВОЈА! Одберете бои со кои сте комотни - слободно експериментирајте со кармин во јаки бои за прв пат. Доколку најмивте професионален шминкер, креирајте табло со слики преку кои ќе објасните што сакате, па кога ќе правите проба, носете бело за да можете да проверите дали таа шминка ви се допаѓа и ви одговара. Држете се подалеку од трендовите како на пример графички очи или претерано контурирање, ќе сакате да изгледате убаво и да се гордеете со себе и во следните години.

МАЈКАТА НА НЕВЕСТАТА
Како мајка на невестата често ќе бидете најзафатената личност, па затоа вашата шминка мора да биде издржлива. Ќе сакате да изгледате и да се чувствувате како себеси - само подобро, сепак за овој ден сонувавте со години. Избегнувајте сјаеви или многу сјајни кармини кои имаат тенденција да ги нагласуваат тенките линии, и изберете производи кои ќе траат подолго и имаат сатенски финиш. Иста така, избегнувајте сјајни металик производи бидејќи можат да се соберат во брчките околу очите. Наместо нив, одберете мат неутрални тонови и додајте младешки сјај со помош на руменило во нијанса која го дополнува вашиот тен.

ДЕВЕРУША
На венчавката на вашата најдобра другарка со право, таа ќе има приоритет при подготвувањето. Доколку се шминкате самите, проверете со невестата што таа има на ум - можеби специфичен избор на бои? Инвестирајте во квалитетна основа за шминка и течна пудра за да ја креирате базата, потоа одберете неутрални тонови за дискретен финиш - и не заборавајте ја водоотпорната маскара! Ќе сакате да изгледате најдобро што можете, но сепак тоа е нејзиниот посебен ден.

ГОСТИ
Прво проверете дали има кодекс на облекување - треба да се облечете соодветно. Во зависност од тоа што го носите, зошто да не се забавувате со шминката? Можеби да креирате неутрална оснва со ББ крем и да ги оставите очите голи и да додадете впечатлив кармин - ги сакаме храбрите црвени за оваа сезона. Или одете обратно - јака шминка на очи и неутрани усни. Сепка, колку често имате прилика да се дотерате заедно со вашите пријатели?

ПРИДРУЖНИКОТ
Како придружник, веројатно нема да знаете многу луѓе на свадбата. Како последица на тоа, треба да внимавате на вашиот изглед и да одите на сигурно. Прочитајте ја поканата внимателно поканата и следете го кодексот на облекување - можеби вашиот партнер ќе може да ви каже како ќе бидат другите облечени. Ова е совршена прилика да пробате наросена кожа и неутрална шминка - нешто едноставно. Ќе имате голем број други пригоди да го испробате изгледот неонски очи!




Текст: Фотографии: Getty Images