5 совети за шминка против стареење!

Ако сте загрижени за изгледот на кожата поради процесот на стареење, шминката може да ви биде најдобар пријател – но и ваш најголем непријател. Прочитајте како да ги усовршите техниките за шминкање, и како да избирате текстури и бои кои ќе ги покажат вашиот младешки изглед и свежината на лицето.

ЛЕСНА ОСНОВА

Како што старееме кожата е подложна на губење боја, изгледа опуштено и безживотно, затоа користете течна пудра и осветлувач за совршено подлога. Избегнувајте тешки пудри кои повеќе ги истакнуваат брчките и длабоките линии. Наместо нив користете мешавина од лесна пудра или СС крем (како Giordani Gold СС кремот) нанесени изедначено на лицето и вратот. Ставете лесен коректор за засенчување на кожата под очите и околу носот.



РУМЕНИЛО ЗА МЛАДЕШКИ ИЗГЛЕД

Руменилото ги брише годините за секунда. Вмасирајте крем руменило на највисоката точка на јаболчниците за да создадете илузија на структура. Сјајното руменило ќе ја зголеми светлината на лицето со што ќе се ублажат брчките.



ДЕФИНИРАНИ ОЧИ

Капаците на очите со текот на годините надвиснуваат, но со умно контурирање можете да го поправите визуелниот ефект. Користете меки, мат сенки кои додаваат длабочина на окото. Избегнувајте светли и бледи производи кои ги потенцираат ситните линии на кожата.

Извитканите трепки се одличен ефект за подигнати капаци, додека волуменозната маскара ги прави трепките погусти.




ИСПОЛНЕТИ ВЕЃИ

 

Веѓите даваат извонредна дефиниција на лицето. Ако вашите веѓи се тенки користете сет за веѓи кој додава структура и погуст облик. Изберете молив за веѓи во природна боја и при секое шминкање исцртувајте ги веѓите.



ПОЛНИ УСНИ

Со текот на годините усните стануваат се потенки. Избегнувајте моливи и мат кармини кои уште повеќе ги истенчуваат усните. Наместо нив ставајте сјај за усни кој визуелно ги исполнува усните.

Ние го сакаме: Giordani Gold Youth Full Сјајот за усни

Текст: Фотографии: Shutterstock