4 тајни како до подолги трепки – природно!

Вештачки трепки. Екстензии. Боење. Понекогаш правиме екстремни работи за да добиеме подолги и погусти трепки. Ако не си природно надарена, следи ги нашите четири совети за подолги трепки.

Уморна си од продолжување на трепките со помош на вештачки трепки или екстензии? Копнееш за природно долги трепки? Инвестирај во малку здрави трепки!
Постојат многу лесни и здрави начини за растење на подолги и поцврсти трепки, од природни масла и исхрана богата со хранливи материи до едноставно чешлање со природно заострена четка за трепки. Следи ги нашите четири совети подолу за супер големи трепки.

 

1. Исчисти правилно

Кога станува збор за отстранување на шминката, примамливо е да ја измиеш областа околу очите, но доколку си премногу груба може да резултира со оштетување. Без разлика дали се обидуваш да ја отстраниш водоотпорната маскара, или едноставно да го исчистиш лицето, биди нежна со чистењето околу областа околу очите – трепките ќе ти бидат благодарни.

2. Негувај ги трепките

Природното маслиново масло е одлично во кујната, но исто тка е богато со есенцијални масни киселини и може да се користи за омекнување на косата. Земи чиста четка за маскара и натопи ја во масло, а потоа нежно помини со четката низ трепките.

Кокосовото масло е исто така безбедно да се користи околу твоите очи, и е прекрасен навлажнувач и зајакнувач на трепките. Всушност, студиите покажуваат дека нанесувањето кокосово масло на косата пред и после миење може да спречи оштетување на протеините од косата! Трепките се мали влакна, се разбира, затоа користи мало, чисто стапче или со врвот на прстот и истриј мало количество на трепките за да ја зголемиш мекоста и да ги зајакнеш.

 

3. Четкај ги трепките

Да се даде приоритет на здравјето на трепките е половина од битката, но негувањето на трепките на изненадувачки едноставни начини може дополнително да го подобри изгледот на неверојатна должина на трепките. Редовното четкање на трепките со заострена четка е одличен начин како да ги зајакнеш и да создадеш „крилест“ ефект, така што тие изгледаат подолго како што се зајакнуваат.Ја сакаме Angel Caress Lengthening маскарата од Giordani Gold на Орифлеим. Нејзината формула со витамински облаци е нежна за трепките, обезбедува заштита и исхрана за зајакнување на трепките, а нејзината рамна четка за маскара ја продолжува должината на трепките ште повеќе кога се користи на правилен начин.

Секако, прајмерите и серумите се добри, но не двоуми се да пробуваш секојдневно формули што ги зајакнуваат трепките и веѓите. Ни се допаѓа OnColour маскарата за трепки и веѓи за секој ден.

4. Подобри ја твојата исхрана

Последно, но не и најмалку важно, не заборавај на влијанието на целокупното здравје и исхрана! Твојата исхрана влијае на целото тело – вклучувајќи ги и трепките. Ако се храниш добро, тогаш твојата кожа и коса исто така ќе бидат добро хранети. Исхраната богата со протеини и онаа која вклучува витамини А, Ц и Е, ќе помогне да се промовира здрава кожа и коса. Користи и додатоци што содржат железо (помага во спречување на опаѓањето на косата) и Л-цистеин, што е главната амино киселина во кератин.

Спиј многу убаво, особено кога се чувствуваш ослабено или си под стрес, и внесувај соодветно ниво на железо, витамин Б12 и витамин Д (сè е добро за неверојатна кожа и коса).