3 чекори до летни локни

Не постои по релаксирана летна фризура од лесните и безгрижни локни на плажа. Но доколку немате можност да се брцнете во море, пробајте еден од нашите водичи од само 3 чекори за лесни локни како на сирена.

ЗА ПРАВА КОСА
Ќе ви бидат потребни: спреј за заштита од топлина, фигаро или пегла за коса, лак за коса.

  1. Започнете со тоа што ќе нанесете од спрејот за заштита на косата.
  2. Поделете ја косата на четири или пет секции, сплетени во плетенки. Загревајте ги плетенките со пеглата од половината надоле, со тоа што ќе го оставите делот околу коренот природен. Поминете ја секоја плетенка неколку пати.
  3. Секоја локна додека е уште топла испрскајте ја со лак. Доколку сакате, натапирајте ја косата малку во коренот, за додаден волумен.

ЗА ТЕНКА КОСА
Ќе ви бидат потребни: пена за волумен на косата, фигаро или пегла за коса, спреј за текстура на коса.

  1. Нанесете од пената на полу-сува коса, од корените до врвовите. Издувајте ја со фен, без да користите четка.
  2. Земајте тенки прамени од косата и секој намотајте го цврсто. Така намотани прамените навиткајте ги на фигарото.
  3. Нанесете од спрејот за текстура. Ако во текот на денот изгубите волумен, испрскајте шампон за суво миење коса во корените.

ЗА ВИТКАНА КОСА
Ќе ви бидат потребни: масло за коса, ластик за коса и тенки шноли, спреј за текстура на коса.

  1. Ако вашата коса е природно виткана, ќе треба локните да ги олабавите за да ја постигнете текстурата на коса како на сирена. Ако имате некој важен настан, вечерта претходно измијте ја косата, исушете ја со крпа и со прсти расчешлајте ја косата со помош на маслото.
  2. Поделете на косата на две секции и сплетете две лабави плетенки, притоа мазнете ја косата за да ја спречите да се навитка. Прицврстете ги и спијте со нив.
  3. Утредента растурете ги плетенките и нанесете спреј за текстура. 

 

 


Текст: Фотографии: Getty Images