Никој не сака да троши часови од својот одмор пред огледало шминкајќи се. Ниту сака да носи куфер полн со шминка и козметички производи. Летната шминка треба да биде лесна и транспарентна исто како и облеката. Ова е брз водич за шминкање и гламурозен изглед каде и да сте. Време е да заблескате!
1 КОЖА
Лето – извонредно време кога можете да го добиете најдоброто за кожата од витаминот Д и да носите помалку шминка – но, ова е сезона со најмногу предупредувања кои се однесуваат на кожата. Климатизирани простории, помалку хидратација во воздухот и патувањата, сето ова може да предизвикаат проблеми за вашата кожа. Затоа создадете мазна и изедначена подлога со користење дневен крем и наместо тешка течна пудра, користете ВВ крем со УВ заштита. Користете долги, меки четки за нанесување бронзер или руменило на лицето, започнувајќи од образите, и на контурите на лицето, вратот и деколтето. Навечер, кожата темелно исчистете ја и дозволете и на кожата да се обновува со нанесување на регенеративен ноќен крем.
2 НОКТИ
И кога сте на одмор треба да имате убави и негувани нокти, затоа не заборавајте да го чистите стариот лак од ноктите. Морската сол, хлорот од базен и песокот го уништуваат и најсовршениот маникир. Понесете во несесерот долготраен лак за нокти, гел за зацврстување на лакот и отстранувач на лак. Нанесувајте од гелот за зацврстување на неколку дена за лакот да трае подолго.
3 УСНИ И ОЧИ
Ова е време од годината кога можете да ги оставите сенките за очи, кармините и моливите за усни, дома. Шминката на летниот одмор треба да биде едноставна. Користете топчиња за нијансирање за да додадете малку боја на јаболчниците – исто како моделите на модната ревија на Tommy Hilfiger, малку маскара и водоотпорен туш за очи кој нема да се размачка од топлината – ова е се што ви е потребно за да заблескате во сиот сјај. За усните, доволно е малку сјај кој ќе даде летен гламур на секоја модна комбинација.
|
СОВЕТ Секаде со вас носете шише со вода – хидратациајта одвантре е најдобриот и најбрз начин за враќање на убавиот и здрав изглед на кожата!
Кога имате малку шминка на себе, обликот на веѓите е највпечатлив, затоа користете гел за обликување на веѓи. |