10 грешки со парфем што не смеете да ги повторите

Нанесувањето парфем е навидум лесно, но уметноста на носењето, одбирањето и чувањето на мирисот е покомплицирана од што мислите. Еве како да престанете да ги правите 10те најчести грешки со парфем сега.

1. Очекувате да мириса исто во текот на целиот ден
Кога прв пат ќе нанесете од мирисот, ги чувствувате само горните ноти, а парфемите обично имаат 3 нивоа - горни ноти, срцевина и основни ноти. Доколку сакате да видите како мирисот на парфемот се менува, ставете на парче впивачка хартија и мирисајте го во текот на денот. 

2. Го мирисате многу брзо
Кога пробувате нов парфем, почекајте 30 секунди пред да го помирисате за алкохолните состојки (доколку ги има) да имаат време да изветреат.

3. Се држите до истото
Само затоа што не ви се допаднала одредена нота во парфемот, не значи дека нема да ви се допадне во ниеден друг парфем. Парфемот може да има од 10 до 200 состојки - балансот е многу деликатен во секој мирис, па затоа немојте да се откажете од одредени ноти врз основа на претпоставки!

4. Мирисате многу парфеми без пауза
Никогаш не тестирајте повеќе од 3 парфеми одеднаш. Пробајте да мириснете зрна кафе помеѓу шприцнувањата бидејќи тие ќе го апсорбираат и неутрализираат мирисот. Друг трик што може да го искористите за да ги неутрализирате мирисите е да пиете вода помеѓу мириснувањата!

5. Не пробувате ништо ново
Пробајте да бидете отворени за нови искуства1 Одберете мирис што ќе ја одрази  вашата индивидуалност и личен вкус, наместо да го носите истиот парфем со години.

6. Го чувате мирисот на погрешен начин
Екстремната сончева светлина, топлина или ладно може да му пречи на балансот на маслата во вашиот парфем и со тоа да го смени неговиот мирис. Секогаш чувајте го парфемот на свежо и суво место, подалеку од сончева светлина и грејни тела.

7. Не знаете каде да прснете
Поговорката вели: нанесете парфем онаму каде што сакате да ве бакнат. Звучи смешно? Па, има малку вистина во тоа. парфемот се активира од топлината на телото, па затоа нанесувањето на пулсните точки (зад ушите, на вратот, внатрешниот дел на зглобовите, градите и позади колената) ќе направи парфемот да трае подолго.

8. Ги триете зголобовите еден од друг
Триењето на зголобовите еден од друг всушност прави горните ноти на парфемот да изветраат побрзо отколку што би им требало да испарат природно!

9. Мислите дека парфемот на вашата пријателка ќе мириса исто и на вас
Телесната хемија е финалната состојка на секој парфем - мирисот што го има еден парфем на некој друг е различен од тоа како парфемот ќе мириса на вас. Единствениот начин на кој можете соодветно да го пробате мирисот е да го пробате на вашето тело.

10. Очекувате парфемот да мириса во текот на целиот ден
Обично, парфемите не се направени да траат во текот на целиот ден. Како генерално правило: спрејовите за тело траат околу еден час а колонската вода околу три. Тоалетните води треба да траат околу четири часа, а парфимираните тоалетни води остануваат на кожата околу шест часа. Најсилниот (и најскапиот) тип на мирис е парфем - тие можат да траат до 16 часа.



Текст: Фотографии: Getty Images, Kristine Wreyford