Миј ги рацете за подобро здравје

Вежбајќи едноставни навики за лична хигиена, можеш да се заштитиш себе си и другите од новиот коронавирус. Погледни зошто животот и благосостојбата на сите се во чистите раце.

Чистите раце спасуваат животи

Тековната глобална појава на корона вирусот, Ковид-19, истакна дека потребата за темелно миење на рацете е пресудна од кога и да било. Но добрите вести се дека со правилно миење на рацете може да се спречи ширењето на сите форми на инфекциите.

Сапуните во сите форми се совршени за секојдневно чистење што е докажано дека помага да се забави или да се спречи ширењето на инфекцијата со промена на структурата на вирусот.

 

Како да ги миеш рацете

Кога ги миеш рацете, тоа треба да го правиш темелно и правилно. Секогаш со сапун во времетрање од 20 секунди. Важно е да не заборавиш ниту еден дел од рацетенадворешната страна на рацете, помеѓу прстите и под ноктите. Толку едноставно, но сепак може да спаси животи. За да дознаш повеќе за упатствата за миење на рацете од Светската здравствена организација посети ја нивната веб страна.

Да се грижиме за рацете!

Исто така, треба да се запамети дека треба да се грижиме за рацете. Кога ги миеме почесто од вообичаено, ја губат влажноста. Затоа, треба да ги навлажнуваме после секое миење како би се спречило сушење и испукување на рацете.

 

Заедно сме во ова!

Секој, без разлика на економскиот статус, заслужува да биде чист и здрав. Поддржувајќи и потсетувајќи за важноста за правилното миење на рацете, сите можеме да ја играме нашата улога во контролирањето и ширењто на корона вирусот и заедно да ги заштитиме животите на саканите ширум светот.