Секојдневна неопходна нега во чантата
Колку често нанесуваш заштитен крем во текот на денот?
Ако си како мене, не е доволно, заштитниот крем треба да се нанесува на секои два часа! Стикот за тело и за лице е еден од најлесните начини да нанесеш заштита додека си надвор во текот на денот. Доволно е мал да го чуваш во чантата или во џебот и поради неговата текстура нема потреба да се грижиш дали ќе ти истече (иако си била сигурна дека си го затворила капакот, така?).
Основна рутина за нега на сонце
Секојдневната рутина за нега на кожата е сигурен заштитен лосион со висок СПФ кој создава основа за твојата грижа од сонце. Лосионот треба да ти биде секојдневние, да се нанесува низ целото тело, на дожд или на сонце, затоа што како што веројатно знаеш до сега - штетните зраци можат да стигнат до твојата кожа дури и ако е облачно. Лосионите ги препорачуваат дерматолозите, бидејќи текстурата го олеснува нанесувањето на сите делови на телото да добијат доволно покриеност за да гарантираат заштита. Сите видови на текстури нудат ефективна заштита од сонце, но ако си загрижена поради покриеноста на одредени делови на телото, лосионот е добра опција.
Сончев ден
Замисли дека сонцето е светло и е врв на летото. Лубеницата е исечена во симетрични триаголници, лимонадата и кутиите за ручек се ладат во ладилник и во паркот си сместена за излет. Знаеш дека ќе ја изложиш твојата кожа на повеќе сончеви зраци од вообичанео и помислуваш во себе, „дали ќе биде доволен мојот редовен лосион?“ Најверојатно не! Ова е време за највисок СПФ во твојот арсенал за нега на сонце – СПФ 50. СПФ 50 со широк спектар УВ филтри ја штити твојата кожа од 98% од штетните зраци и е од големо значење за подолго изложување на сонце.
Не сакаш лосиони?
Ако едноставно не можеш да се справиш со текстурата на лосиони и кремови, додади спреј во твојата колекција! Тие имаат полесна текстура што едвај можеш да ја почувствуваш, но обезбедуваат иста ефективна заштита од сонце. Сепак, може да биде малку незгодно да не знаеш кога си нанела доволно. Биди сигурна дека прскаш, додека не видиш влажен сјај на твојата кожа додека нанесуваш, треба повеќе да прскаш отколку што мислиш! Најдобриот дел за спрејовите? Можеш да ги нанесуваш без помош, нема потреба да принудуваш некого да ти го намачка грбот!
Заштита за деца
Да се биде родител тоа значи да се има постојана грижа за децата. Дали се среќни, дали се хранат добро и дали се безбедни од сонцето? Биди безбедна со употреба на детскиот крем за тело и лице со СПФ 50 специјално создаден за заштита на детската кожа. На тој начин, знаеш дека сонцето не е премногу грубо за нив, но доволно силно за да ја заштити детската кожа. Децата имаат потенка, почувствителна кожа од возрасните и лесно горат, со тоа задолжително е користење на минимум СПФ 50!
Не ја заборавај хидратацијата!
Хидратацијата е клучот за здрава, среќна кожа, но по еден ден поминат на сонце, твојата кожа најверојатно не е повќе таква. Сонцето може да ја дехидрира кожата, правејќи ја повеќе подложна на негативните ефекти од изложеноста на сонце како оксидативен стрес. Желето за по сончање не само што ја надополнува кожата со изгубена влажност, тоа исто така го оладува „жешкото“ чувство и делува смирувачки на кожата.