Проиводи за капење за ослободување од стресот

Под стрес сте? Релаксирачко капење ќе ви помогне да се чувствувате многу подобро. Додавајќи ги и одбраните производи, ќе имате перфектно домашно спа искуство.

Топлата бања е лесен начин за ослободување на стресот и напнатоста настанати во текот на денот. Затоа разгалете се со смирувачки масла, кремови, сапуни за ексфолација и пилинзи за ревитализација на кожата. Ова се производите што ќе ви помогнат да достигнете перфектен, релаксирачки момент во вашата сопствена бања.

Сапунот за ексфолациска масажа

Сакате добра масажа? Тогаш мора да го пробате сапунот за масажа The Swedish Spa . Има  две страни: едната дизајнирана за масажа и стимулација на циркулацијата, а другата за ексфолирање и порамнување на кожата. Воедно испушта релаксирачки и флорален мирис кој ќе ви ги смири телото и умот.

img-1.jpg 

Негувачки крем за туширање

За вистинско домашно спа уживање мора да имате негувачки крем за туширање. Еден од нашите омилени е Love Nature  крем за туширање со органски овес и кајсија- ммм мирисот е неверојатен!

Измазнувачки шеќерен пилинг

Помислата на сапунот за ексфолирање беше доволно примамлив: Воопшто не! Мора да го пробате и Milk & Honey Gold измазнувачкиот шеќерен пилинг. Ова луксузно пакување ќе ги острани мртвите клетки и ќе ја направи вашата кожа мека, нежна и сјајна

img-2.jpg 

Смирувачко масло за тело

Релаксирачкото капење не е целосно без масло за тело кое ја смирува и негува кожата. Swedish Spa’s Mirror Ocean масло за тело исполнето со витамин Е, масло од репка и бадем, како и алгата Alaria Esculenta. Оваа црвена алга која има богато количество на шеќери, минерали и антиоксиданси, помага при одржување на влажноста и ревитализација на кожата. Едноставно, премногу е добро за да пропуштите.

img-3.jpg 

Негувачки крем за тело

Сакате крем за тело кој овозможува 48 часовна хидратација? Да, ве молам! Хранливиот крем за тело со органски какао- путер и кокосово масло на Love Nature клинички е докажан дека го прави токму тоа. Богатата и кремаста формула ја негува кожата - оставајќи ја нежна и миризлива.

Имате се што е потребно за да креирате релаксирачко капењее и да се ослободите од стресот! Затоа, започнете со полнење на кадата и оставете вашите тело и ум да се реалаксираат