Како да се грижите за кожата на вашето тело – најдобри производи за целулит, груба и опуштена кожа

Кога ќе кажеме „нега на кожата“ тоа не се однесува само на лицето, кожата на вашето тело исто така заслужува љубов! Еве како да се грижите за вашата кожа од глава до петици со нашата нова извонредна палета за нега на тело!

Кога зборуваме за нега на кожа, најчесто мислиме на маски за лице, серуми и хидратантни креми, а можеби и на повремени третмани за акни. Но, негата на кожата е многу повеќе! Кожата е нашиот најголем орган и има корист од нежна нега, а не само кожата на лицето!

Негата на телото претставува многу повеќе од обичните хидратантни креми. The Body Edition нашиот нов асортиман за нега на тело, е инспириран од негата на кожата и неговите активни состојки и прави повеќе од само хидратација (иако хидратацијата е сè уште важна како и секогаш!), и се грижи за проблемите на кожата како целулит, опуштена и груба кожа .

 

 

Што е целулит?

Целулитот се манифестира како грутки или нерамна кожа  и се појавува на задниот дел од бутовите, колковите и задникот. Постојат многу фактори кои се вклучени во формирањето на целулитот, но исхраната и начинот на живот се главните. Неправилната исхрана и недостатокот на вежбање може да доведат до складирање на маснотии, што може да го промовира појавувањето на целулитот, но хормоните, генетиката и полот исто така играат улога. Целулитот е почест кај жените, бидејќи жените природно складираат повеќе масти во пределот на бутовите, колковите и задникот. Докажано е дека урамнотежената исхрана, вежбањето и некои козметички производи и техники за масажа помагаат да се подобри изглед на кожата.

Како да се справите со целулитот?

Покрај здрав начин на живот со многу физичка активност и здрава исхрана, (сите го правиме ова, нели?) The Body Edition Антицелулитниот гел за тело  клинички докажано е дека ја намалува појавата на целулит за 28 дена. Ја содржи добро познатата состојка за нега на кожата нијацинамид која ја подобрува еластичноста и текстурата на кожата. За уште подобри резултати, масирате ја кожата додека го нанесувате гелот.

 

Опуштена кожа

Нормално е по губење на тежината да се опушти  кожата, а исто така е нешто што природно се случува како што старееме. Ако опуштената кожа е нешто што ве мачи, она што што можете да направите за да ја подобрите состојбата е да да се храните здраво, да вежбате, да го избегнувате штетното сонце (користете крема за сончање!) и да користите нега на кожата. The Body Edition Firming Гел за тело  клинички  докажано ја подобрува цврстината на кожата за 48% за само два месеци и содржи една од нашите омилени хидратантни состојки, хијалуронска киселина

 

Груба кожа

Дали имате груба, нерамна текстура на кожата? Не сте сами! Нерамна текстура на кожата често е резултат на таложење на мртви клетки на површината на кожата, но може да биде предизвикана и од оштетувања од сонцето. Ви предлагаме да пробате пилинг со физички и хемиски пилинг. The Body Edition Smoothing Пилинг за тело содржи и природен пилинг од пемза и лушпа од бадем, како и Алфа хидрокси киселина (АХА) и гликолна киселина. Гликолната киселина го поттикнува обновувањето  на надворешниот слој на кожата, што помага да се отстранат сувите, мртви клетки од кожата, откривајќи свежи нови клетки на кожата одоздола. Обновена мека кожа!

 
Текст: