Прво, што е масло за чистење лице?
Како што кажува самото име на производот, маслото за чистење лице е масло што се користи како прв чекор од рутината за двојно чистење на лицето. Дејствува на база на хемиското правило дека слични супстанции се разложуваат при контакт. Маслото за чистење ги разложува и отстранува закоравените мрсни нечистотии од кожата, како себумот, честичките од загадениот воздух, нечистотијата и шминката. Маслото за чистење лице најчесто е понежно од други видови производи, кои може да содржат груби состојки што ги отстрануваат природните масла од кожата.
Што е двојна рутина за чистење лице?
Двојната рутина за чистење лице се состои прво од чистење на лицето со производ на база на масло (како што е опишано горе), а потоа чистење со производ на база на вода што се плакне. Чистењето со масло е важен прв чекор, бидејќи мрсните нечистотии придонесуваат за затнување на порите и за појава на мозолчиња. Потоа, производот на база на вода ги отстранува нечистотиите, како потта и мртвите клетки, што ѝ овозможува на кожата полесно да ги впие серумите и хидратантните кремови.
Зошто да додадам масло за чистење лице во мојата рутина?
1. Маслото е нежно на кожата
Лицата што имаат мрсна кожа, често премногу ја мијат, а со тоа ја сушат. Прекумерното миење само ги влошува проблемите, бидејќи кожата се обидува да ја надомести загубата на мрснотии, така што (како што најверојатно претпоставуваш) произведува уште повеќе мрснотии! Маслото за чистење лице делотворно ја чисти и ја хидрира кожата, без негативните ефекти на грубите производи.
2. Производ за чистење лице и отстранувач на шминка - 2 во 1!
Нема ништо полошо од тоа кога ќе се вратиш дома доцна навечер и треба да ги отстраниш водоотпорната маскара и долготрајниот кармин, а сè што сакаш е да си легнеш да спиеш. Маслото за чистење лице е полесно за користење и поделотворно за отстранување на долготрајната вечерна шминка. Важно е добро да го исчистиш лицето навечер, бидејќи остатоците шминка може да придонесат за затнување на порите и за појава на мозолчиња.
3. Постои идеално масло за секого
Кога ги користиш соодветните масла, можеш делотворно да ги разложиш мрсните нечистотии и да ја освежиш кожата со хидратантни масла што ја потхрануваат и ја чистат кожата од мозолчиња. Маслото за чистење кожа NovAge содржи масло од жолто ноќниче, кое е хранливо масло што дејствува на сите типови кожа и е создадено да ја исчисти кожата од мрсните нечистотии. По нанесувањето, маслото се претвора во млечен лосион, кој може да се исплакне брзо и лесно.
Затоа, заборави ги предрасудите за маслата и за негата на кожа и пробај да го додадеш пробаниот и проверен метод за двојно чистење лице во твојата рутина за нега на кожа! Ти ветуваме дека ќе го обожаваш!