Имаш пречка при остварување на одредени цели? Не си единствен. Сите ние често поставуваме големи цели што не успеваме да ги постигнеме. А тоа воопшто не е мотивирачки нели? Добрата вест е дека постои лесен начин да се прекине ова. Во продолжение провери го водичот со чекори како да станеш одличен во поставување и остварување на целта.
1. Размислувај за резултатите
Пред да си поставиш некаква цел, треба да си сигурен дека тоа е она што навистина го сакаш и вреди да се вложиш за да ја оствариш целта. Затоа одбери неколку цели што сакаш да ги постигнеш оваа година и фокусирај се на нив.
2. Постави паметни цели
Веќе одлучи што сакаш? Одлично! Следниот чекор е да провериш дали твоите цели ги исполнуваат “паметните” критериуми:
- Конкретност
- Измереност
- Остварливост
- Реалистичност
- Временска ограниченост
Целта што ги исполнува овие критериуми е како во следниот пример:
“Сакам да бидам способен да истрчам 10 км до први Април.”
Целта треба да е конкретна за да можеш да го забележиш напредокот, колку поконкретно толку поголеми се шансите да успееш со остварување на целта.
3. Запиши ги целите
Запишувај ги и постави ги на видливо место, на пример на огледалото или екранот од компјутерот. Со ова ќе можеш да се потсетуваш на твоите цели во секое време.
4. Креирај план за спроведување
Како ќе ги постигнеш твоите цели? Креирај план за спроведување што ги содржи сите чекори што ти се потребни за да успееш.
Дополнителен совет! Не се плаши да бидеш кретивен со овој план. Украси го со бои и светкави делови за повпечатлив изглед. Ова ќе направи да се активира друг дел во твојот ум и ќе ги постави темелите за остварување на целите.
5. Постави одреден рок
Во твојот план за остварување треба да вметнеш одреден временски рок. Откако ќе ги забележиш датумите, пробај да се придржуваш до нив колку што е можно повеќе. Ова ќе те мотивира за да ја оствариш целта!
6. Дејствувај и забележувај го напредокот
Откако се е испланирано, време е да започнеш со дејствување! Евалуирај го твојот напредок за да бидеш сигурен дека не скршнуваш од целта. Можеш да го сториш тоа!