1. Причина број 1: балсамите за усни го одржуваат здравјето на усните
Кожата пука кога има слаб горен слој. Балсамите за усни создаваат слој над усните што го спречува намалувањето на хидратацијата.
Користи балсами за усни со природи состојки, како алое вера или масло од никулци од пченица. Овие состојки се познати по тоа што содржат масни киселини, антиоксиданти, витамини, протеини, калциум, магнезиум и цинк, кои имаат важна улога во одржувањето на здравјето на кожата.
Еден од нашите омилени балсами за усни со повеќе од 10 придобивки: балсамот за усни The ONE A-Z
2. Причина број 2: ги подготвуваат усните
Балсамите за усни ги хидрираат усните и ја задржуваат хидратацијата. Исто како подлога за кармин, ги подготвуваат усните за кармин и го подобруваат нивниот изглед.
Професионален совет: нанеси малку балсам за усни околу усните, за да го спречиш размачкувањето на карминот.
Ќе го обожаваш: заштитниот балсам Tender Care
3. Причина број 3: заштита од сонце
СПФ, или фактор за заштита од сонце, го покажува нивото на заштита од УВБ-зраци. Хроничното изложување на сонце ја оштетува кожата и доведува до брчки и прерано стареење. Производите што содржат СПФ 30 ја штитат кожата од УВБ-зраците.
Ова објаснува зошто користиме балсам за усни со СПФ, како балсамот за усни The ONE BB
4. Причина број 4: ефект против стареење
Кожата на нашите усни е многу нежна. Поради тоа порано покажува знаци за стареење од другите делови на кожата. Користи балсами за усни со состојки за пополнување на усните.
Еден од нашите омилени: балсамот за регенерирање на усните Giordani Gold
5. Причина број 5: рајски мирис
Балсамот за усни ги негува усните со неодоливи состојки, како кокос, ванила или летно овошје, кои имаат рајски мириси.
Балсам што ќе сакаш да го изедеш: балсамот за усни со диња Love Nature