Смутија: Дали се навистина здрави или само популарни?

Само американската џус и смути индустрија е вредна $2.3 билиони годишно - тоа е голем бизнис. Добиваме ветувања за сјајна кожа, намалување на тежината, детоксификација на телото и чист ум. Но дали бленд-трендот навистина ги дава сите придобивки кои ги ветува? Истражувавме.

ЗДРАВО?
Секојдневно пиење џус или смути и лесен начин да ја зголемите дневната доза на овошје и зеленчук и внесот на витамини, минерали и антиоксоданси што му требаат на вашето тело за да биде здраво.Во таа смисла, тие се здрав додаток на вашата диета. Но внимавајте на шеќерите. Едно купечко смути може да содржи неколку кивија и портокали, банана, бобинки - а тоа се многу овошни шеќери во една чаша!

За да пиете колку може поздрави смутија, подготвувајте ги дома. Изберете овошја со низок ГИ како јаболки и крушки и избегнувајте да додавате засладени јогурти. Добар совет е да вклучувате зелени зеленчици во смутијата - пробајте 70% зеленчук и 30% овошје. А за навистина здрав пијалок, додајте протеин со грчки јогурт или бадемово млеко.

Но дали се здрави? На крајот, пиењето смути наутро е секогаш подобар избор од јадење лиснато тесто или сендвич!

ПУБЛИЦИТЕТ?
Но, вистината е дека смутијата и џусеците не ги даваат сите придобивки кои ни ги ветуваат.

Еден од феномените кои добија на публицитет се ладно-цедените џусеви кои смао во САД се индустрија вредна $100 милиони годишно. Ладно-цедените џусеви ветваат позрад, похранлив пијалок, но нема никакви докази дека овој метод со висок притисок е подобар од другите. Па затоа, кога станува збор на ладно-цедење велиме: публицитет.

И внимавајте и пазете се од чистења на организот со џусеви што ветуваат детоксифицирање на телото - здравото тело само ги исфрла токсините. Еден ден "пауза" не е лош, но не треба да заменувате голем дел од оброците со смутија и џусеви бидејќи на вашето тело исто така му требаат протеини, здрави масти и други макронутриенти.


СОВЕТ!
Ако се трудите да ја намалите или одржите тежината, додајте една доза Natural Balance Шејк во вашето смути, со тоа ќе додадете протеини, влакна и омега-3 што ќе го направат вашето смути поздраво и ќе ве држат сити подолго време.

Основни Рецепти за Смути

ЗАЈАКНУВАЧ НА ИМУНИЕТ СМУТИ
Изборете се со настинките со овој рецепт за зајакнување на имунитетот со само 172kcal. 

1 доза Natural Balance Шејк
50 мл млеко со ниска масленост 
100 м јогурт со ниска масленост 
8 боровинки 
3 бадеми

УБАВА КОЖА СМУТИ
Добијте убава, мазна кожа, однатре со нашето смути за разубавување на кожата!

1 доза Natural Balance Шејк
50 мл млеко со ниска масленост 
100 м јогурт со ниска масленост
3 јагоди
6 боровинки 
1 кафена лажичка мелен лен

ЕНЕРГИЗИРАЧКО СМУТИ 
Сакате повеќе енергија и фокус? Почнете го денот со овој пијалок со 167kcal.

1 доза Natural Balance Шејк
150 мл млеко со ниска масленост 
1/2 банана
1 кафена лажичка сок од лимон

БАЛАНСИРАНО ТЕЛО СМУТИ
Ако се држите до исхрана со низок ГИ, ова е рецептот за вас!

1 доза Natural Balance Шејк со вкус на јагода
150 ml ладно млеко од соја
1 кафена лажичка ленено семе
6 јагоди






Текст: Фотографии: Shutterstock