Зелено смути од 5 состојки

Потребна ти е енергија? Овој рецепт за зелено смути е токму она што ти треба.

Секој сака добро смути! Ако не можеш да одлучиш што да јадеш или не можеш да направиш уште една овесна каша за појадок, смути решава се. Вообичаено содржи овошје, зеленчук и протеини, така што ќе ги добиеш сите хранливи материи што му се потребни на твоето тело во една чаша.

Како да го направиш:

Состојки:

• 1/2 средна банана, свежа или замрзната (може да додадеш 1 шолја овошје по избор како што е зелена јаболка, замрзнат ананас, или манго)
• 2 грста спанаќ или зеленчук по избор
• ½ авокадо
• 250 мл. млеко од соја (или млеко по избор)
• 1 (18гр.) лажичка Natural Balance протеинска мешавина од ванила

 

Начин на подготовка:

1.Стави ги сите состојки во блендер.
2. Измешај додека не добиеш мазна и кремаста структура, без парчиња .
3. Послужи и уживај(или чувај во тегла со капак до 24 часа во фрижидер).