Прочитајте за да најдете одговори на некои од најчесто поставуваните прашања за тоа како се фокусиравме на одржливоста со нашите нови производи!
Најпрво, од што се состои новата линија?
Од самите почетоци, брендот Love Nature секогаш се фокусираше на вклучување на состојки од природата. Сите Love Nature производи се дизајнирани за да ги прослават прекрасните состојки на природата и се создадени за да го негуваат вашето тело додека ја почитуваат и штитат планетата. Истото се однесува и за производите во нашата неодамна лансирана линија Love Nature Dark Berries Delight. Одликувајќи се со нови возбудливи рецепти за нега на кожата инспирирани од природните состојки што се наоѓаат во кујната, како и неочекувани текстури како јогурт и мармалад, линијата овозможува сензорно искуство што ја остава вашата кожа мека и свежа. Производите од линијата се развиваат со органски екстракти од бобинки и јогурт, додека производите за миење се дизајнирани да бидат целосно биоразградливи - што е одлично за вашата кожа, како и за нашата скапоцена планета.
Што значи органско?
Органски екстракти, како што се оние од оваа линија, доаѓаат од растенија кои биле одгледувани, собрани и преработени без непотребни пестициди и во однос на природните екосистеми. Ова значи дека тие имаат „намалено влијание врз животната средина“.
Што точно е БИОРАЗГРАДЛИВА ФОРМУЛА ЗА НЕГА НА КОЖА? Зошто е подобра за планетата?
Одлично прашање! Биоразградливо значи дека кога користите производи кои имаат лого за биоразградлив производ, може да бидете спокојни дека она што се исплакнува од лицето и се слева во одводот ќе се распадне целосно, намалувајќи го нашето влијание врз нашите системи за вода - за посреќна планета! Формулите на Love Nature производите за нега на кожата се независно тестирани за биоразградливост.
Зошто е подобро за планетата (и вас) да имате честички од природно потекло во вашиот пилинг?
Пластичните микрозрна се главна причина за загриженост особено кога тие влегуваат во нашите системи за вода. Орифлеим започна да се осврнува на употребата на пластични микрозрнца во 2013 година, така што сите нови лансирања од 2015 година содржат само пилинзи од природно потекло. Пластичните микрозрна се заменети со пилинзи од природно потекло како што се силициум диоксид, лушпа од бадем и маслинов камен. Користејќи пилинзи од природно потекло, ние дополнително го намалуваме нашето влијание врз системите за вода, бидејќи тие се биоразградливи.
Зошто е подобро за планетата (и вас) да имате производи за миење БЕЗ СИЛИКОН?
Ние нудиме избор на производи без силикон, за понатамошно намалување на нашето влијание врз водата, бидејќи силиконите можат да се био-акумулираат/таложат во вода, што може да им наштети на водните средини.
Сега можете да продолжите и да ја почестите кожата со третман од шумско овошје без вина, каква што е линијата Love Nature Dark Berries Delight, знаејќи дека ја негувате кожата со љубезни производи што се добри за вас, како и за планетата!