Започнете со подготовка на бањата: погрижете се да имате чисти крпи, запалите неколку свеќи (по можност миризливи) и изберете релаксирачка музика.
ПОДГОТВЕТЕ КУПКА
Кадата има важна улога во домашниот спа третман. Додајте етерично масло во водата, легнете во кадата и ставете маска на лицето. Останете во кадата најмалку 30 минути. Додека се опуштате, водете сметка на дишењето, забавете го максимално и уживајте.
ТУШИРАЊЕ
По капењето најдобро е да се испуширате за да ги исчистите остатоците од купката по телото. Користете средство за капење на тело и потоа направете благ пилинг на лицето и телото. Пилингот ја прави кожата помека и посвежа, а исто така прави добра подлога за нанесување производи за хидратација.
ЛИЦЕ
Не постои ништо така ефикасно за сјај на кожата како што е маслото. Нанесете го со кружни движења на лицето. Потоа ставете дневен или ноќен крем.
ХИДРИРАЈТЕ ГО ТЕЛОТО
Нанесете хидратантно средство на целото тело веднаш по туширањето додека кожата ви е влажна. Тоа ќе помогне да се задржи водата во вашето тело. За најдобар ефект тапкајте ја кожата додека се исуши, наместо да ја бришете со крпа. Нанесете лосион на телото и рацете.
ТРЕТИРАЈТЕ ЈА КОСАТА
Додека сте под туш измијте ја косата со квалитетен шампон и ставете регенератор. Потоа нанесете маска за коса. Покријте ја косата со крпа или ставете капа, па исушете ја со фен. Топлината помага маскара подобро да навлезе во влакното. Повторете го процесот ако имате сува коса.
ДА и НЕ!
ДА: Дозволете си СПА третман по стресниот ден
НЕ: Дозволувајте да ви пречат. Исклучете го телефонот!
ДА: Пијте сок од крставица по СПА третманот за да се освежите