Авокадо како состојка за убавина

Сакате природна состојка за убавина збогатена со природни масти и витамин Е? Не трагајте повеќе! Авокадото нуди долга листа на бенефити за вашата коса и кожа. Во продолжение прочитајте повеќе за ова моќно супер овошје.

Зошто се користи авокадото како состојка во производите за убавина?
Од Авокадото можете да го искористите маслото, но воедно и екстрактот. Од овие две, маслото од авокадо почесто се употребува во производите за убавина поради високата количина на мононезаситени масти како олеинска киселина и витамин А, Ц и Е. Големата количина на овие здрави масти и високиот број на антиоксиданси исто така го прават авокадото како идеална состојка во производите за убавина.

Па, без разлика дали конзумирате тост со авокадо и едноставно го користите како свежа состојка за вашето лице, бидете сигурни дека сите позитивни особини на ова овошје ви овозможуваат вашата коса и кожа да изгледаат прекрасно.

Како авокадото може да ја подобри вашата кожа?

  1. Ја навлажнува и потхранува

    Големото количество на исклучително важни масни киселини, витамин Е, калиум и лецитин овозможуваат навлажнување и потхранување на кожата.

     

  2. Ја смирува и омекнува иритираната кожа

    Благодарение на масните киселини, маслото од авокадо е моќен омекнувач кој помага во смирување на сувата и иритирана кожа.

     

  3. Превенира и намалува ризик од акни

    Антивоспалителните фактори учествуваат во намалување на црвенилото од акните.

     

  4. Намалува знаци на стареење

    Антиоксидансите и масните киселини  ја спречуваат појавата на брчки превенирајќи кожата да губи вода.

     

  5. Заштитува од радијација

Витамините и антиоксидансите помагаат при заштита од загадување и УВ зраци.

 

Како авокадото и помага на вашата коса?

  1. Ја зголемува влажноста

    Здравите масти ја прават вашата коса мека и нежна и ја задржуваат влажноста.

     

  2. Намалува кршење

    Минералите помагаат да ги затворат клетките во коренот на влакното, и со ова спречуваат кршење на косата.

     

  3. Се бори против разлетување

    Здравите масти помагаат да се намали разлетувањето на косата.

     

  4. Го смирува сувиот скалп

    Маслото од авокадо брзо навлегува во кожата за да го смири и навлажни скалпот и помага во намалување на првутот.

     

  5. Прави косата да расте побрзо

Содржи биотин, т.е. витаминот кој помага при растот на косата и ја прави поцврста.

 

Кои производи содржат авокадо?

Со долгата листа на неверојатни бенефиции, ова суперовошје се употребува во многу производи. Во продолжение видете ги нашите предлози: