Почетна
Крем за сончање за лице
Sun Zone
Sun 360 Лосион за тело и за лице со СПФ 30
Погледнете ги сите 0 оценки

Опис

Лосион за мултизаштита од сонце со напредна Multi-Rays технологија и со широк спектар УВ-филтри, висок СПФ и витамин Е што ја штитат кожата од сонцето и од загадувањето. Моќна мешавина од шведски состојки со арктичка малина и со нордиски памук што содржат антиоксиданти, се справуваат со оксидативниот стрес и ја одржуваат кожата прекрасно мека и заштитена од дихидратација. Лесниот немрсен состав, веднаш се апсорбира и не остава бели траги. Отпорноста на вода и на пот го прават совршен за активен животен стил и во градот и на плажа.

Нанеси поголемо количество од лосионот на кожата, 15-20 минути пред изложувањето на сонце. Втривај го на кожата додека не се впие и нанеси го на сите делови од телото што ќе бидат изложени на сонце. Остави го спрејот да се исуши пред да се облечеш и избегнувај контакт со материјали и други површини, за да избегнеш оставање дамки. Нанесувај на секои 2 часа или почесто, при прекумерно потење или пливање. Избегнувај директен контакт со очите или со повредена кожа. Избегнувај долго изложување на сонце.


Кога да го користиш?

Sun 360 Лосионот за лице и тело со СПФ 30 овозможува висока заштита од УВ-зраци и е идеален за секојдневно изложување на сонце, ако на пример си со автомобил, седиш под сенка, трчаш во парк или поминуваш пократко време на сонце.

Multi-Rays технологијата е посебно развиена технологија за линијата Sun 360, со широк спектар УВ-филтри и од висока до многу висока УВ-заштита што ја штити кожата од радијација, изгореници од сонце, прерано стареење и рак. Витаминот Е е моќен антиоксидант што е познат по своите позитивни својства за кожата и справувањето со оксидативниот стрес предизвикан од загадувањето и сончевата светлина.

Мешавина од шведски состојки - екстракти од арктичка малина и нордиски памук

Во суровата нордиска клима во која температурите паѓаат до -40 степени, не растат многу растенија, но тие што растат имаат развиено посебни способности за преживување во екстремни услови. Овие отпорни состојки, беа избрани поради уникатните способности да ја заштитат кожата од сонцето и од дехидратацијата. Овие отпорни состојки, беа избрани поради уникатните способности да ја заштитат кожата од сонцето и од дехидратацијата.


Екстракт од арктичка малина

Наречена „шумско злато“ во Шведска, арктичката малина е една од најретките и најскапоцените бобинки во светот. Поседува високи нивоа шеќер и минерали што ја снабдуваат со енергија за справување со ладното, а кога се користи за нега на кожа, помага за хидратација на кожата. Високото количество витамин А, Ц и Е и полифенолите, ја снабдуваат со заштита од УВ-зраците.


Нордиски екстракт од памук


Нордискиот памук, исто така, има високи нивоа шеќери, полифеноли и минерали што ја штитат од средината. Додека шеќерите и минералите дејствуваат за зајакнување на горниот слој на кожата, полифенолите ја користат својата антиоксидантна моќ за да придонесат за смирување на кожата, дури и кога е активно изложена на сонце.

Состојки
AQUA, ETHYLHEXYL METHOXYCINNAMATE, DIETHYLAMINO HYDROXYBENZOYL HEXYL BENZOATE, GLYCERIN, CETEARYL ALCOHOL, C12-15 ALKYL BENZOATE, ETHYLHEXYL TRIAZONE, CANOLA OIL, ETHYLHEXYL SALICYLATE, TOCOPHERYL ACETATE, BIS-ETHYLHEXYLOXYPHENOL METHOXYPHENYL TRIAZINE, TITANIUM DIOXIDE, PHENOXYETHANOL, AMMONIUM ACRYLOYLDIMETHYLTAURATE/VP COPOLYMER, PARFUM, DIMETHICONE, TRIS-BIPHENYL TRIAZINE (NANO), VP/EICOSENE COPOLYMER, CAPRYLYL GLYCOL, POTASSIUM CETYL PHOSPHATE, PEG-100 STEARATE, XANTHAN GUM, SODIUM BENZOATE, CITRIC ACID, POLYHYDROXYSTEARIC ACID, POTASSIUM SORBATE, DECYL GLUCOSIDE, ERIOPHORUM SPISSUM FLOWER/STEM EXTRACT, STEARIC ACID, ALUMINA, RUBUS CHAMAEMORUS FRUIT EXTRACT, BUTYLENE GLYCOL, DISODIUM PHOSPHATE, SORBIC ACID
Sun Zone производите содржат комбинација од УВА и УВБ филтри со антиоксидантен витамин E за нежна формула која ја заштитува кожата на целото семејство. Покрај производите за заштита при сончање, колекцијата има производи за самопотемнување и линија производи за нега на кожата после сончање.
Како собираме оценки? Дознај повеќе

Цена за достава:

Достава на домашна адреса -159 ден.

Достава до Спонзорска станица - 109 ден.

Бесплатна достава со купен производ од Програма за бесплатна достава


КЛИКНИ ОВДЕ И ДОЗНАЈ КАКО ДО БЕСПЛАТНА ИСПОРАКА