Како Oriflame обезбедува рецензии од потрошувачи?
КАКО ORIFLAME ОБЕЗБЕДУВА РЕЦЕНЗИИ?
Ги цениме искрените повратни информации од нашите потрошувачи и поради тоа воведовме транспарентен систем за прикажување потврдени рецензии на нашата веб-страница. Еве како го правиме тоа:
ПРОЦЕС НА ПОТВРДА НА РЕЦЕНЗИИ
При направена нарачка преку нашата веб страница, ги охрабруваме нашите потрошувачи да остават рецензија откако ќе имаат можност да го пробаат производот. Овие рецензии се исклучиво од потрошувачи кои навистина го купиле производот, што ја гарантира нивната автентичност. Овие рецензии ги означуваме со иконата "Потврден купувач".
Во минатото дозволувавме рецензии од непотврдени купувачи. Тие рецензии се сè уште видливи на нашата веб-страница, но не се означени со оваа икона..
Во минатото, Oriflame понекогаш дистрибуираше производи за тестирање и кои би добиле искрени рецензии – тие рецензии се означени со иконата „Наградена рецензија“.
Сите рецензии од клиенти се модерирани од нашиот партнер за рецензии- Testfreaks..
Ги објавуваме сите релевантни и соодветни рецензии поднесени од нашите клиенти. Сепак, може да ја одбиеме рецензијата ако таа ги нарушува нашите насоки за оценување, како што е содржината која е непристојна или навредлива. Никогаш не ја одбиваме рецензијата само поради ниска оценка или негативно мислење за нашиот производ. Покрај тоа, не ги уредуваме ниту менуваме рецензиите на клиентите. За целосна документација посетете ги насоките за модерирање на Testfreaks.
ВКУПНИ ОЦЕНКИ
За секој производ, обезбедуваме вкупна оценка со ѕвездички, според следниве насоки:
Вкупната оценка се пресметува според принципите на математичка објективност. Скала на оценување се движи од 1 до 5 ѕвездички.
Вкупната оценка на производот претставува просек на сите одобрени оценки поднесени од клиенти во твојата земја или регион, согласно нашите правила за групирање на рецензии. Секоја рецензија ќе биде придружена со земјата на потекло, а може да се користи и нашата технологија за да се види рецензијата на нејзиниот оригинален јазик.