Филозофијата зад нашите производи
Почетна
Хамамелис

Хамамелис

Hamamelis virginiana

Хамамелисот е многу позната состојка за нега на кожата поради своите својства за намалување на порите и за тонирање на кожата. По потекло е од Северна Америка, но се одгледува и во Европа и во Азија. Ова цветно грмушесто растение долго време се цени поради своите анимикробни својства, како и поради своите својства за освежување и за смирување, кои го прават особено добар за нега на мрсната и на комбинираната кожа. Хамамелисот, исто така, содржи важни флавоноиди што помагаат за зголемување на микроциркулацијата и за заштита на кожата од слободните радикали.

Клучни предности

  • Помага за намалување на изгледот на порите.

  • Хамамелисот ја смирува и ја штити кожата од слободните радикали.

  • Помага за освежување на тенот, благодарение на флавоноидите што можат да помогнат за зголемување на микроциркулацијата.

Изобилството танин во хамамелисот, најчесто од 3 до 10% од целокупниот состав на листовите, го прави делотворна состојка што помага за тонирање и за рафинирање на изгледот на порите.