Мириси
Почетна
Најдобрите мириси за него што одговараат на секој стил
Објавени: 23.1.2024
Кој е најдобриот мирис за него? Па, тоа зависи од самиот маж. Постојат милиони различни комбинации на мириси, од класични дрвенести до освежителни цитрусни – дури и цветни пресврти кои интригираат. Прочитајте го нашиот внимателно изработен водич за сите пригоди, и запознајте се со мирисите кои може да се најдат во колекцијата на секој маж.
Дознај повеќе
Најдобро за: храбар лидер
Possess Absolute Парфимирана вода
Како скроен костум, храбриот мирис има моќ да остави впечаток за паметење. Совршен за мажи кои сакаат да бидат забележани, интензитетит на мирисот на парфимираната вода остава траен впечаток – а Possess Absolute Man ги исполнува сите очекувања.
Изработен за мажи полни со самодоверба, експлозијата од зачини од свеж црн пипер се стопува со топлиот цимет и богатото сандалово дрво во овој динамичен дрвенест мирис. Мастер парфимерот Pierre Guéros верува дека мирисот мора да го инспирира мажот што го носи, а Possess Absolute Man ве исполнува со сила и решителност за да бидете подготвени за успех.

Најдобро за: модерен џентлмен

Дознај повеќе
Debonair Gentlewoods Тоалетна вода
Нова ера мириси. Како што вели парфимерот Benoist Lapouza, „Сега е интересно време да се биде маж“. Генерација З и Милениумците се пионири на овие промени во културата. Сакаме да го наречеме расцутување на мажественоста – затоа што конечно се повеќе и повеќе мажи почнуваат да носат цвеќе.
Оддавајќи почит наголемата харизма и мовеќеслојната природа на современиот маж, Debonair Gentlewoods Тоалетната вода ги отвара правилата – и ги охрабрува мажите да експериментираат со мириси. Преполни со харизма и самодоверба, мажествените дрвенести ноти на нордискта сребрена бреза се среќаваат со неочекувано смелата роза со цветен пресврт – предодредена да интригира, слично како денешниот модерен џентлмен. А разновидноста на тоалетните води го прави овој мирис привлечен за сензуален состанок како и за секој ден.
Дознај повеќе

Најдобро за: амбициозен бизнисмен

Greater Тоалетна вода
Нема сомнеж дека мирисот има моќ да влијае на тоа како се чувствувате – затоа, за амбициозни деловни мажи, носењето мириси кои мотивираат на нови висини се логичен избор. Greater Тоалетната вода за него е збогатена со AuraScent технологија за која невронауката докажала дека буди позитивни емоции со еволуирачка фузија на енергичен ананас, здравец и гвајак за да ви помогнат да се чувствувате полни соенергија и добро расположени во текот на целиот ден.
Парфимерот Julien Plos сакаше да создаде храбар дрвенест мирис кој инспирира доверба кај мажот што го носи: „Во срцето на мирисот, создадов чисто чувство со ладни ароматични ноти, како што е здравец. Ова му дава на мирисот остра самодоверба. Тоа ве прави да се чувствувате самоуверено, но и удобно и уверено“.

Најдобро за: горд татко

Signature Generation Тоалетна вода за него
Кога сте татко, препознатливиот мирис всушност добива сосема ново ниво на значење – за вашите деца, тој станува дел од тоа што сте. Вредностите за кои се залагате. Секогаш таму, во секој момент, вашиот мирис што го поврзуваат со нивниот вечен херој.
Кога бирате мирис за вашиот татко, сакате да пронајдете мирис кој што ќе биде еквивалент на амбиенталната музика. Секогаш е тука и си го прави своето во позадина, но не е премногу гласна или напорна, ниту е тивка. Не можете да згрешите со Signature Generation Тоалетната вода за него . Наречен нова модерна класика, овој безвременски машки мирис има смирувачко чувство: силната врска на коренот од ветивер и ирисот носи непоколеблива длабочина, додека светлите цитрусни ноти и розевиот бибер додаваат класична мирислива леснотија.

Најдобро за: убаниот истражувач

Venture Unlimited Тоалетна вода
Понекогаш идеален машки мирис е оној што прави да се чувствувате освежени и подготвени да го истражете новиот ден пред вас. За ониекои ја бараат таа свежа атмосфера, цитрусните и ароматични тоалетни води нудат лесно мирисливо искуство. Тоа се оние што може да ги носите од ден во ден – и секогаш се хит кај младите урбани сограѓани.
„Бев инспирирана од слободните тркачи во градот и сакав да создадам мирис што ќе го одразува нивниот животен стил “, вели мастер-парфимерот на Venture Unlimited Тоалетната вода , Suzy Le Helley. Со цитрусно-зелени горни ноти што даваат енергетска свежина, овој мирис дава поинаков удар на енергија.
Купи ги производите
Possess Absolute Парфимирана вода за мажи
(37)
Possess
Possess Absolute Парфимирана вода за мажи
2.200 Ден.
Debonair Gentlewoods Тоалетна вода
(58)
Debonair
Debonair Gentlewoods Тоалетна вода
1.099 Ден.
1.650 Ден.

Место за инспирација

5 женски цветни ноти и нивните приказни
Мириси

5 женски цветни ноти и нивните приказни

Елегантна и жива, нежна и грижлива, сензуална и страсна - секоја жена има своја уникатна женственост.

Прочитај

Останати категории

BEAUTY ИНФО ЦЕНТАР
BEAUTY ИНФО ЦЕНТАР