Ако имаш проблем со акни, груба кожа или ситни линии, можеби веќе си запознаена со хемиските пилинзи АХА и БХА. Како ентузијасти за нега на кожата, го обожаваме фактот што толку ефикасно прават пилинг и прават кожата да изгледа мазна и блескава.
За оние што тукушто почнале да ги користат киселините во рутината за нега на кожа, тие може да изгледаат малку застрашувачкиза да ги ставиш на твојата кожа; но не грижи се, тие се безбедни. Сепак, луќрто со чувствителна кожа може да сметаат дека АХА и БХА се малку пресилни за нивната кожа, па затоа сме пресреќни што PHA влегоа на пазарот.
Што се ПХА киселините?
ПХА или поли хидрокси киселините се повеќекорисен хемиски пилинг. Тие се нарекуваат “следната генерција на АХА” затоа што имаат слична ефикасност како АХА, но се понежни кон кожата што ги прави одлични за луѓето кои сметаат дека АХА и БХА се премногу слини. За разлика од повеќето други киселини запилинг, ПХА дури ја навлажнуваат кожата додека дејствуваат.
Што прават ПХА киселините на кожата?
- Ефикасен и нежен пилинг – може да го толерираат и оние со чувствителна кожа
- Ги измазнува иа рафинира тоновите на кожата и текстурата
- Ја омекнува грубата кожа
- Го осветлува тенот и ги минимизира ситните линии
- Ја хидрира кожата
- Ја заштитува кожата од слободните радикали предизвикани од на пр. УВ светлината и загадувањет
Како работат ПХА?
ПХА функционираат така што го ослабуваат „лепилото“ (кератин) што ги држи мртвите клетки на кожата заедно, така што мртвите клетки од кожата можат да се отстранат и да откријат свежа нова кожа под нив и да поттикнат обновување на кожата. Бидејќи ПХА се состојат од поголеми молекули од АХА, тие полека продираат во кожата, правејќи ги понежни и генерално посоодветни за сите типови на кожа.
Каде можам да ја најдам ПХА?
Ако сакаш да најдеш производи со ПХА, внимавај на лактобионичната киселина, галактозата и глуконалактонот, кои се различни видови на поли хидрокси киселини. Како и секогаш со киселините, започни полека, направи тест за да бидеш сигурна дека е компатибилна со твојата кожа, и покрај тоа што ПХА не ја зголемува чувствителноста на УВ-светлина, ние предлагаме да користиш крем за сончање за да ја заштитиш твојата кожа од оштетување од сонцето.
Ако сакаш да започнеш со ПХА, ти ја предлагаме палетата на Pure Skin, која содржи глуконолактон во одредени производи. Создадена е за сите типови на кожа, но може да биде особено корисна за за оние со мрсна или кожа склона кон дамки. Глуконолактонот во Pure Skin производите помага во расчистување на површината од мртвите клетки на кожата, ја зајакнува бариерата на кожата, ја намалува загубата на вода и има благо заштитно антиоксидативно дејство.
Еве неколку производи од палетета што треба да ги пробаш: