Главна состојка: Хијалуронска киселина

Хијалуронската киселина е најпосакувана за нега на кожата и тоа со добра причина. Честопати ја имаме оваа состојка и и се заблагодаруваме за хидрираниот изглед што ни го овозможува. Еве зошто треба да ја додадеш оваа состојка за хидратација во твојата рутина.

Сè што сакаме е сјајна, хидрирана кожа а хијалуронската киселина е доверлива состојка за нега на кожата што секогаш ни го овозможува ова. Во светот за нега на кожата, таа е епозната по своите неверојатни хидрантни својства, но што е тоа што ја прави толку неверојатна?

Што е хијалуронска киселина?

Хијалуронот не доаѓа само во модерни шишиња за серум, телото всушност произведува самостојно хијалуронска киселина како дел од нашата кожа и сврзното ткиво. Тоа е клучната молекула вклучена во влажноста на кожата и е дел од природниот навлажнувачки фактор на кожата (NMF). NMF е низа природни супстанции во горниот слој на кожата кои помагаат да се задржи заштитена, навлажнета и еластична.

Што и прави хијалуронската киселина на кожата

  • Таа е магнет за влага, привлекува и врзува влага
  • Длабоко хидрира и ја штити кожата
  • Ја поддржува и зајакнува бариерата на кожата
  • Ја омекнува иа измазнува грубата и сува кожа
  • Поттикнува флексибилност и сјај на кожата
  • Ги полни и измазнува ситните линии

Како дејствува хијалуронската киселина?

Хијалуронската киселина е навлажнувач, што значи дека привлекува влага и може да држи до 1000 пати поголема од сопствената тежина во вода - затоа е неверојатна за одржување на кожата хидрирана! Го внесува горниот слој на кожата со претрупана влага, и ја омекнува и измазнува нерамната кожа за твојата кожа да изгледа прекрасно свиленкаста и сјајна. Значи, ако твојата кожа се чувствува сува, груба или е без сјај, хијалуронската киселина треба да биде твојот хидратор по избор.

Хијалуронската киселина е исто така дел од NMF во горниот слој на кожата кои се потребни за ефикасно работење на заштитната бариера на кожата. Таа всушност помага да се зајакне бариерата на кожата и помага да се спречи излегување на влага! Исто така, и дава неверојатни својства на кожата, така што ја прави силна, флексибилна, еластична и отпорна.

Убедени сме дека хијалуронската киселина треба да биде дел од рутината на сите, а не само ако сте по сјајот и хидратацијата. Таа е погодна за сите типови на кожа, но особено за оние со сува кожа. Како што старееме, нашата кожа е подложна на сувост затоа што природните елементи на кожата потребни за да се запре губењето на влагата почнуваат да опаѓаат, што ја прави подложна на брчки. Значи, ако си започнала да добиваш неколку линии и брчки, можеби ќе сакаш да знаеш дека го измазнува изгледот на брчките и линиите и има непосреден ефект на полнење на кожата.

Која е разликата помеѓу хијалуронска киселина и натриум хијалуронат?

И двете се многу ефикасни навлажнувачи, но разликата е во тоа што хијалуронската киселина е чиста форма што природно се наоѓа во организмот, а натриум хијалуронатот е солена форма на хијалуронската киселина. Чистата хијалуронска киселина е голема молекула која не се апсорбира толку добро во кожата како натриум хијалуронатот, но сепак ја хидрира и освежува површината на кожата. Ниска молекуларна тежина, хијалуронската киселина може полесно да навлезе во кожата.

Каде може да ја најдам хијалуронската киселина?

Хијалуронската киселина често се наоѓа во серумите и кремите, но ќе добиеш најдобри резултати ако хијалуронската киселина се користи како дел од рутината за нега на кожата каде што секој производ дејствува за да се оптимизира хидратација, сјај и мазност.

Многу од нашите производи содржат хијалуронска киселина, но еве неколку производи што треба да ги пробаш:

Novage Ecollagen Wrinkle Power Серум 

NovAge Time Restore Revitalising Серум 

NovAge Ultimate Концентриран серум за подигнување 

Optimals Age Revive Anti-Ageing Серум

NovAge Intense Skin Recharge Ноќна маска 

Optimals Insta-cool Anti-fatigue Hydro Гел-облоги за лице 

 

Текст: