Главна состојка: Витамин Ц

Можеби веќе знаеш за здравствените придобивки од консумирање храна богата со витамин Ц, но дали знаеше дека витаминот Ц исто така има многубројни придобивки за нега на кожата? Вистина е! Прочитај за да дознаеш зошто овој импресивен витамин стана легендарна состојка за нега на кожата.

Од свооите способности за осветлување на кожата и заштита од оштетување од сонцето, витаминот Ц е центар е моќна и најистражувана состојка во козметиката, поддржана од науката! Еве што прави за твојата кожа и како може да го вклучиш во твојата дневна рутина за да помогнеш во третирање на проблемите на кожата!

Што претставува витаминот Ц за негата на кожата?

Витаминот Ц, или аскорбинска киселина, е основна хранлива материја која е неопходна за правилен раст, обновување и одржување на ткивата во телото. Нашите тела не можат да успеат, затоа треба да јадеме храна што е многу богата со витамин Ц( цитрусни овошја, зелен лисен зеленчук) за да нашите тела и кожата функционираат. Но, исто така можеме и да го додадеме витаминот Ц во исхраната со нанесување локално на нашата кожа

Што прави витаминот Ц на твојата кожа?

  • Го изедначува и осветлува тенот на кожата
  • Моќен антиоксидант, што ги штити клетките од слободните радикали
  • Заштитува од сонцето/фото стареење (кога кожата ќе се оштети со повеќекратно изложување на УВ-зраци)
  • Ги намалува ситните линии и брчките

Како дејствува витаминот Ц?

Пробај еден експеримент. Исецкај банана, остави ја едната половина изложена надвор и исцеди сок од портокал или сок од лимон на другата половина. Забележи колку брзо изложената половина станува кафеава. Во меѓувреме, другата половина ќе остане посвежа подолго време бидејќи е заштитена од оксидацијасо антиоксидантната моќ на витаминот Ц во сокот од лимон – задржувајќи ја бананата помлада подолго време. За среќа, ние не старееме како банани, но овој експеримент покажува колку е моќен витаминот Ц како антиоксидант.

 

Витаминот Ц е исто така е една од најпознатите состојки за изедначување и осветлување на тенот на кожата. Дејствува со инхибиција на производството на меланин (пигмент на кожата) за да се спречи хиперпигментација и темни дамки. Обезбедува заштита од УВ оштетување и слободни радикали ( предизвикани од дневно изложување на УВ-зраци и загадувањ на воздухот).

Последно, но сигурно не и најмалку важно, на кожата и е потребен витамин Ц за да го зајакне производството на колаген – за помазна, поцврста и младешка кожа – и помага да се изедначат линиите. Сè на сè, локално витаминот Ц е како висока чаша освежителен, свежо исцеден сок од портокал за твојата кожа.

 

Што е разликата во тоа да се јаде и да се нанесува локално на кожата?

Витаминот Ц треба да се консумира секој ден со ел голем број клучни функции во организмот. Иако се транспортира до кожата преку крвотокот, и дополнувањето преку храна, истотака може да го зголеми нивото на витамин Ц во кожата, локалното нанесување е еден од најефикасните начини за зголемување на нивото на витамин Ц во кожата.

Како да го вметнам во мојата рутина?

Витаминот Ц веќе игра главна улога во многу производи за нега на кожата како што се лосиони, средства за хидратација, маска и спреј за лице. Сепак, најефикасниот начин да се достави до твојата кожа обично е по пат на потентен, таргетиран третман создаден за ефективна апсорпција.

Додека можеш да комбинираш употреба на витамин Ц, АХА и ретинол во твојата рутина за нега на кожата ( користејќи ретинол и АХА ноќе и витамин Ц во текот на денот), ние предлагаме да се фокусираш на одреден проблем на кожата истовремено.  

На пример, Габриела Зуанаци, Главен хемичар за формулација што стои зад некои од формулациите во рамките на Proceuticals палетата на Орифлеим, предлага да се заврши 4-неделната рутина на Proceuticals раствор со 10% витамин Ц, а потоа да се додадат NovAge Proceuticals ретинол капки и АХА навечер.

Имај на ум дека за најдобри резултати, секогаш треба дананесуваш витамин ц по чистењето, но пред твојот хидратантен крем.

Не секој витамин Ц е создаден еднакво

Друга работа што треба да ја имаш во предвид кога додаваш витамин Ц во твојата рутинае формата на витамин Ц што се применува. Л-аскорбинска киселина е хемиски актвна форма на витамин Ц и е најефикасна кога е свежа ( слично на чаша свежо исцеден сок од портокал ). Сепак, тој исто така е нетабилен и брзо ја губи својата моќ кога е изложен на светлина , воздух и топлина – затоа се потребни многу прецизни услови за ефикасно да ја испорача својата антиоксидантна моќ до кожата.

Затоа потребно е посебна нега за да ги испорача своите добрини! Proceuticals растворот со 10% витамин Ц е чист, свеж витамин Ц (АКА аскорбинска киселина),иновативно спакуван за крајна стабилност, достава и перформанси. Користи го како 4-неделен третман, секоја вечер. Секое шише е создадено за употреба од 1 недела. Само 3-4 испумпувања до посветол изглед, рамномерен тен на кожата!

Текст: