1. Tender Care ги обожава твоите усни…
Дали имаш болни испукани усни? Tender Care ќе ти помогне да ги обновиш! Балсамите содржат пчелин восок и витамин Е, за потхранување и заштита на усните од арктичките ветрови или од пеколното време. Tender Care ги одржува усните меки и хидрирани во сите временски услови.
2. … и другите делови од твоето тело
Заштитниот балсам Tender Care содржи состојки што се посебно создадени да ја штитат и да ја хидрираат сувата, груба или испукана кожа. Затоа, нанеси го на сувите лакти и колена, на зглобовите, носот, аркадите и на други места!
3. Tender Care ја подобрува твојата шминка
Во свет со рутини за убавина во 12 чекори и користење до 10 различни производи за #совршенизглед, фантастично е кога ќе најдеш повеќенаменски производ. Нанеси го заштитниот балсам Tender Care на јаболчиците, за дополнителен сјај.
4. Tender Care обожава да те придружува на твоите авантури!
Tender Care има лесно препознатлив дизајн, кој е исто така практичен за носење во чанта, за да можеш да го носиш на сите твои авантури! Стави го во чанта или во џеб и користи го секогаш кога ти е потребен или чувај еден на твоето биро во канцеларија, во автомобил или до кревет.
5. Постои совршен Tender Care за секого
Разните видови балсами Tender Care ти овозможуваат да го најдеш совршениот за секоја пригода. Можеш дури да ги комбинираш со бојата на облеката! Од брусница до роза, од цимет до бадем, а сите видови го содржат истиот основен состав (непроменет од 1980 година) што ги негува усните и ги прави меки и подготвени за бакнежи.
За Tender Care и за уште многу заеднички децении!