Како да креираш мека коса – најголемиот тренд оваа сезона

Мазна, свиленкаво нежна и екстра сјајна коса – токму така сакаш да изледа твојата коса. Новиот тренд се нарекува “течна коса” што значи дека косата е толку блескава што дури изгледа како водена површина. Ти звучи добро? Продолжи да читаш за да го видиш водичот како да го создадеш овој изглед во домашни услови!

1. Се започнува со здрав скалп

Здравиот скалп е најважниот чекор за одлична коса. Затоа, започни со миење на косата со Eleo Шампонот збогатен со масла и регенераторот од истата колекција. Овие производи се збогатени со шест моќни масла што ја потхрануваат косата однатре и го негуваат скалпот.

2. Додај заштита од топлина

Напрскај од HairX Спрејот за заштита од топлина на влажна коса и расчешлај за рамномерно да се нанесе. Не само што овозможува одлична заштита од топлинските алатки за стилизирање на косата, туку и содржи кератин што помага за хидрирање и измазнување на твојата коса оставајќи ја екстра сјајна!

 

3. Време е за топлинските алатки за стилизирање на косата

Користи ја Styler големата четка за да ја исушиш косата и да ја исправиш. На крај можеш да користиш пегла за коса и четка за да ја стилизираш косата како што посакуваш.

4. Нанеси спреј

Комплетирај го твојот изглед на течна косасо прскање на HairX Shine Спрејот  на четката пред да ја расчешлаш косата. Ова овозможува поголема контрола за да ја стилизираш косата како што посакуваш. Спрејот е фромулиран со светкава технологија што и помага на косата да ја обнови влажноста и да изгледа блескаво до 24 часа.


Дополнителен совет! Вложувај во добар третман со кератин

Доколку го посакуваш овој тренд долгорочно, потребен ти е третман со кератин како од салон. Тоа е хемиски просцес за исправување на косата и измазнување на нејзината текстура – нема повеќе наелектризирана коса и разлетани прамени. Овој третман трае од три до шест месеци, но сепак потребно е редовно да ги користиш фенот и пеглата за коса за да го креираш овој уникатен изглед.