Кој не го сака чувството на малку дополнително внимание? Еве три испробани начини за да бидеш сигурна дека ќе привлечеш повеќе внимание каде и да одиш. И, имаме дури и совет како да се истакннеш за време на состанок на Zoom за оние што работат од дома!
Усни со висок сјај за кои е докажано дека привлекуваат повеќе внимание
THE ONE Irresistible Touch High Shine карминот ти дава висок сјај на усните, клинички докажано дека го привлекува вниманието на оние околу тебе. Овој ефект на привлечност функционира и на екран. Кга го тестиравме овој кармин на група волонтери, ова беа неколку од ненадејните повратни информации што ги добивме.
“Ме прави да се чувствувам привлечно и убаво!”
“Целосна покривност од првото нанесување, прекрасен сјај и боја, останува долго на усните и го прави целиот изглед попривлечен!”
THE ONE Irresistible Touch High Shine карминот ќе те натера да се чувствуваш како милион долари. Долготраен и со неверојатен сјај и длабока пигментација, ова е изглед на усние што ќе ги натера луѓето да не го тргнат погледот од тебеng.
Носи метален тренд за да се чувствуваш посигурна
Трендот што привлече најмногу внимание на модните писти оваа година е металикот. Без разлика дали ќе се одлучиш за сребрена кожа, полна со ланци, како што изгледа колекцијата на Пако Рабан есен/зима 2020, или дури стилски пресврт во спортскиот изглед со памучни пантолони во метална нијанса, од Карл Лагерфилд, ( моментално трансформирање на спортскиот изглед во нешто задолжително), метален додаток во твојата гардероба е она што само малку носи радост во твојата гардероба. Да не зборуваме за сите оние дополнителни погледи што сигурно ќе ги добиеш!
И твоите нови омилени сјајни работи не треба да ги чуваш само за ноќни излегувања. Искомбинирај здолниште во метална нијанса со неутрална маичка или дополни со чевли во метална нијанса.
Користи тајно оружје – мирис што ќе привлекува
Ако сакаш да бидеш во центарот на вниманието, тогаш зошто да оставиш нешто на случајност? Сакаш тајно оружје што ќе ти помогне да привлекуваш. Magnetistа парфимираната тоалетна вода е првиот мирис кој е научно докажан дека ги тера мажите да се чувствуваат попривлечно кон жените.
Користејќи ги состојките добро познати по своите стимулативни својства, парфимерите Емели Коперман и Алиенор Масенет создадоа модерен и волшебен мирис околу Акордот на страсни цвеќиња - состојка што ја зголемува моќта на привлечноста бидејќи содржи Хрисин, растително соединение за зајакнување на тестостерон.
За да ги потврдат привлечните, парфимерите соработуваа со невролози за да ги тестираат ефектите од Magnetista. Тестовите беа спроведени во три фази - евалуација на емоционални одговори, активности на мозокот и следење на очите. Комбинираните резултати од испитувањето беа позитивни, покажувајќи дека Magnetista предизвикува емоции, влијае и ја зголемува твојата привлечна моќ.
Излегување или останување... кому му е гајле? Време е да го зголемиш тонот на твојата омилена песна и да уживаш во твојот нов кармин, парче облека во метална нијанса што привлекува погледи и нов мирис. Докажано дека ја зголемува твојата игра на привлечност.