Одлични идеи за светкава шминка да ги пробаш оваа сезона

Блескај од утро до мрак (и во текот на ноќта!). Во продолжение ќе ги видиш најдобрите идеи за да креираш светкав изглед.

Кога е празнична сезона, или кој било друг ден слободно можеш да користиш светкава шминка! Светкавата шминка моментално го осветлува твоето лице, прави смел израз и отстапува од твојата секојдневна шминка. За секакво расположение, изборот на светкава шминка е голем!

Време е да блескаш!
Внеси свежина во твојата секојдневна шминка со овој брз гламурозен изглед. Светкај како дијамант со нашиот долготраен водоотпорен Wonder Туш за очи во сребрена светкава нијанса. Збогати го секојдневниот изглед со светки. Совршен за забава или за на работа, твоја е одлуката!

Светкав изглед на ноктите
Истакни ги ноктите! Нанеси го светкавиот горен слој со сребрени товнови што овозможува дополнителен спектакуларен изглед на каков било стил на нокти. Пробај го THE ONE Gloss N’Wear Лакот за нокти со светки за одлична комбинација. (Шшш, посебно е направен од биоразградливи светки, затоа релаксирај се и фокусирај се да изгледаш гламурозно!).

 

Светкава цел: Комплетен изглед на светкава шминка

Ти треба спектакуларен изглед за новогодишната ноќ? Имаме понуда за совршен изглед од глава до пети! Уживај во празничната сезона со овие нови трендови за целосен светкав изглед.Одбери некој од овие светкави празнични стилови. Истакни ги очите со новите кремасти долготрајни нијанси во лимитирано издание. Богато пигментирани со формула отпорна на набори, за беспрекорен изглед.


Совет за светкава шминка: Нанеси THE ONE Colour Unlimited Сенка за очи директно на линијата на трепките за побогат обоен ефект. Нанеси на очниот капак и размачкај со прстите за впечатлив изглед на очите. 

Следно, време е за спектакуларни трепки! Најпродаваната  Wonder Lash маскара достапна во црна боја дава волумен, издолжува и овозможува црна интензивна боја за креирање на одличен изглед.

Совет за светкава шминка: Започни со чешлање на трепките со кратка четка. Движи ја четката од една на друга страна за да ги извиткаш максимално. На крај, помини со подолга четка низ трепките да ги издолжиш и дефинираш.

А сега е време за богато пигментираниот течен кармин со докажан привлекувачки ефект. Збогатен е со нежен сјај за дополнително да блескаш!

Совет за светкава шминка: Нежно стисни ја основата за да го ослободиш сјајот, а потоа користи го прецизниот апликатор и нанеси директно на усните. Започни од средината за да креираш пополн изглед, а потоа користи го апликаторот за да креираш остар агол на усните.

Светкава шминка! Подготвена е!

Имај трендовски изглед: Совршено темни очи:

 
Текст: