Топ 5 трендови за коса и убавина од улиците на Њу Јорк

Уличниот стил стана исто толку важен како и трендовите од модните писти, па така секоја модна недела во Њу Јорк внимателно ги бараме најголемите трендови надвор од модните писти. Прочитајте кои се нашите топ 5 трендови фаворити.

 

Растурена пунџа
Растурената пунџа прерасна од фризура за вебање до задолжителен дел од уличната мода. Ги видовме Ники Хилтон и Елена Перминова како го носат овој стил помеѓу модните ревии. Без разлика на пригодата, можете да ги соберете слободните прамени во висока пунџа и на шик-начин да ја тргнете косата од лицето и вратот кога е топло.

 

 

Внатрешни плетенки
Да, трендот се врати во полна сила (Валентино веќе некое време ни потврдува). Оваа фризура која бара мало одржување, која беше избор на Бијонсе, Кендал Џенер и Кара Делевињ ќе ви даде изглед како од 90тите - а тоа е во центар на вниманието во моментов!

 

Јаки розови усни
Фушиа им одговара на повеќете тонови на кожа: го нагласува тенот и во исто време прави забите да ви изгледаат побели - зарем има нешто подобро? Ѕвездите на уличната мода го носат овој храбар - а сепак женствен - тренди мат кармин, надополнет со црн молив за очи и драматични трепки.

Што ќе ви треба: The ONE 5-in-1 Colour Stylist Кармин , The One Туш за очи во молив, The ONE Eyes Wide Open Маскара


Бушаво и надоправено 
Дами, радувајте се, ова е фрузира која бара мало одржување! По сезона на мазни и строги фризури, сега косата е порелаксирана, и има опуштен пристап и го охрабрува "штотуку излезени од кревет" изгледот. Изберете разбушавена текстура и бранови кои изгледаат како природно да се сушеле (безразлика дали е навистина така). Навистина лесно нели? А што велите за шампон за суво миење? 

Темни усни
Не сакате усни во јаки бои: Имате среќа бидејќи и спротивниот изглед - темни усние во тренд. Тоа е лесен начин да додадете стилски момент и на наједноставниот изглед, за пример земете ги Џордан Дун која носеше мат бургунди усни додека уживање во Њу Јорк.


Основни: Giordani Gold Iconic Matte Кармин, HairX Volume Boost Шампон за суво миење на косата








Текст: Фотографии: Getty images