Hotspot beauty азбука од А до С: Зошто S-beauty е единствената филозофија за убавина што ви е потребна

Неодмнешните трендови се фокусираат на рутината за убавина од целиот свет. Од A-beauty во Австралија до S-beauty во Скандинавија, речиси секоја буква од А до С е hotspot.

Но, заборавете на T, U, V, W… сигурни сме дека азбуката за Hotspot beauty завршува со буквата С! Во случај да треба да ве убедиме, направивме речник на овие термини за Hotspot beauty за да можете сами да одлучите.

 

A-УБАВИНА

Австралиска убавина (именка)
Инспирирана од познатиот австралиски начин на живот, A-beauty користи природни австралиски состојки кои се фокусираат на нега на кожата изложена на сонце. Не е тајна дека во Австралија, плажата се претпочита пред канцеларијата. Потребен им е пристап кон убавината што го рефлектира нивниот животен стил. Размислете за нежна крема за сончање, смирувачки хидратантна крема за кожа оштетена од сонце и серум кој се справува со хиперпигментацијата. Убавината е во мешани рутини кои користат состојки од Австралија, како какаду слива и еукалиптус.

 

J-УБАВИНА

Јапонска убавина (именка)
Вкоренето во античките традиции, јапонската убавина вклучува техники за масажа на лице со рутини за нега на кожата врз основа на маснотии, за мазна и рамномерна кожа.
J-beauty с ефокусира на традицијата и хармонијата, комбинирајќи ги вековните традиции со најновата технологија. Популарни се масажите на лицето кои промовираат циркулација на крвта, како и оригиналните состојки како што се саке, ориз и цвет од камелија. J-beauty исто така го охрабрува “постот на кожата”, практика на избегнување на производи со цел да се обнови кожата.

 

K-УБАВИНА

Корејска убавина (именка)
Уникатните состојки, од лигите од полжав до пчелин отров, се користат за создавање на козметички рутини во 10 чекори кои ветуваат, сјајна, младешка кожа.
Корејските режими и ритуали за постигнување на сјајна, супер мека кожа го привлекоа вниманието на љубителите на убавината. Уникатните состојки се состојат од рутини во 10 чекори кои ветуваат сјајна, младешка кожа. Се смета дека пчелиниот отров има релаксирачки ефект врз мускулите, а познато е дека свинскиот колаген е познат во борбата против знаците на стареење.

 

С-УБАВИНА

Скандинавска убавина (именка)
Фокусирајќи се на холистичкиот пристап, скандинавскиот модел на убавина претставува грижа за себе, од внатре и од надвор.Наместо да идеализира одреден стандард на убавина, тој промовира добро чувство во сопствената кожа.

Ако сте ја пробале секоја маска за лице што ја нуди K-beauty, сте ја испостиле својата кожа во името на J-beauty или без напори сте го постигнале сјајот што го имаат сурферите, можеби заклучивте дека всушност сакате само добро да се чувствувате во вашата кожа.

Во Скандинавија, пристапот кон убавинатае посветен на рамнотежата. Помалку се грижи за тоа што ставате на вашата кожа, а повеќе за тоа како живеете и како се чувствувате. Користејќи ги оригиналните состојќи, приоритетите на скандинавската убавина се во нега на кожата со благи состојки.

Орифлеим е горд на своето шведско наследство. S-beauty можеби е тренд, но нашиот пристап е многу повеќе од тоа.