Овој нов, иновативен тренд ви овозможува да креирате и персонализирате ваш сопствен парфем. Научете како да нанесете парфем на поинаков начин со All or Nothing - пробајте пристап без ограничувања кој ќе ви даде можност да се изразите на свој, уникатен начин.
Ти си единственa
Наменети да ја истакнат вашата личност, парфемите All or Nothing се создадени така што нивната горна нота е мирисот на вашата кожа. Главната креаторка на парфемот, Натали Лорсон, сакаше да создаде мирис што ќе ја нагласи вашата единствена личност.
Парфеми
1. All or Nothing парфем
Заводливиот ориентален парфем е создаден со ноти на ексклузивна ванила сурабсолут. Доаѓа во луксузно пакување и е првиот чекор кон вашето уникатно мирисно искуство.
2. All or Nothing Unique Accord #1
Сензуалниот парфем Unique Accord е создаден со кремаста цветна нота и мошусна нота во срцето кои се соединуваат со вашата кожа. Ова е втор чекор со кој ќе ја искажете својата уникатност.
Експериментирајте и создадете свој мирис
Време е да ги отфрлите тековните правила - ова мирисно искуство се заснова единствено на вашите желби. Измешајте парфеми и создадете мирис кој совршено ќе покажува како се чувствувате. И најдобро од сè, можете да го промените секој пат кога ќе се промени вашето расположение.
Сакате да привлечете внимание?
IНанесете го интензивно заводливиот All or Nothing парфем на зглобовите и вратот (и на косата ако сакате) - и подгответе се да ги маѓепсате сите околу вас! Можете да бидете сигурна дека сите погледи ќе бидат свртени кон вас.
Сакате да го пренесете ова искуство на следно ниво?
Доколку ве очекува важна пригода или сакате само да се чувствувате посебно и да уживате во луксуз, нанесете од парфемот All or Nothing Unique Accord # 1 врз парфемот All or Nothing за да го потенцирате целиот мирисен состав и да додадете волшебна длабочина на истиот.
Дали се чувствувате порелаксирано или сензуално?
Волшебниот мирис на парфемот Unique Accord ќе ве заведе со своите сензуални, топли ноти кога ќе го носите поединечно. Мирисните ноти кои потсетуваат на топла кожа се соединуваат со мирисот на вашата кожа, ќе ви дадат исклучително мирисно искуство и ќе ја нагласат вашата уникатност. Носете го како поединечен парфем и нанесете го на сите пулсни точки.
Дали сакате да бидете интригантна?
Понекогаш сакате да бидете непредвидлива, а мирисот може да биде тајната состојка која некого ќе маѓепса и ќе интригира. Нанесете парфем All or Nothing на зглобовите и косата за да привлечете внимание. За уникатен пресврт, нанесете парфем Unique Accord на пределот на вратот и коленото - ова ќе ви обезбеди неочекувана доза на заводлив мирис кој ќе го споделите со среќникот кој им приоѓа.
Дали ќе живеете на “ALL IN“ начин со овој нов тренд на парфем?
Вие одлучувате дали да експериментирате и да го персонализирате вашиот мирис. Осмелете се да бидете уникатни со овој нов концепт на парфем„ All or Nothing - секогаш индивидуален со намера да ја истакнете вашата уникатност.
All or Nothing. Вашиот мирис е вашиот потпис.