7 апликации за убавина за секоја девојка

Лесно е да се изгубите во светот на мобилните апликации. Ги има толку многу, пто пронаоѓањето на вистинските може да биде тешко. За да ви помогнеме, ги избравме нашите 7 фаворити што ќе ви помогнат во заедничкиот свет на технологијата и убавината.

1. Mirror 
За деновите кога сте го заборавиле малечкото огледалце дома, “Mirror” е апликацијата што ќе ви помогне. Подобра е од вашата предна камера (ви гарантираме), таа користи зголемена светлина за да ви даде посветол одраз - совршена за корекција на шминката коа сте во движење. 

2. Make-up Wizard - Волшебник за шминкање
Благодарение на Волшебникот за шминкање повеќе нема потреба да ги размачкувате производите на задниот дел од дланката за да ги пробате. Наместо тоа, оваа апликација ви дозволува да нанесете сенка за очи, туш, моливи за очи, маскара, кармин и могу други производи само со едноставно користење на предната камера на вашиот паметен телефон. Штом еднаш го надминете изненадувањето од виртуелното пробување шминка, можете да преминете на купување на производите директно од апликацијата. Апликацијата веќе има преку 50,000 корисници за само 2 месеци и просечен рејтинг од 4,5 ѕвезди. Корисниците на Андроид може да ја преземат ТУКА, а за иОС може да ја преземат ТУКА. 

3. Sun Coach
Оваа софистицирана мобилна апликација е дизајнирана за да го предвиди нивото на УВ-зрачење насекаде низ светот. Се што треба да направите е да ја внесете посакуваната дестинација и апликацијата ќе ви даде предвидување за УВ-зрачењето на тоа место. Исто така, дава корисни совети за заштита од сонцето!

4. iDrated 
Сите знаеме дека пиењето вода е задолжително доколку сакаме да имаме здраво тело и сјајна кожа. Доколку ви е тешко да следите колку вода сте испиле, iDrated може да ви помогне. Апликацијата пресметува точно колку вода му е потребна на вашето тело во зависност од полот и тежината, и ви дозволива да внесувате податоци за тоа колку вода сте испиле со цел да ви помогне да ја испиете потребната дневна количина, дури може и да се наместите аларм-потсетник за пиење вода!

5. Pinterest
If you ask us, you can never have too much inspiration. Pinterest allows you to scroll through beautiful imagery, create your own mood boards and share inspiring pictures with your community. It’s also a fantastic place to discover beauty tutorials and trends. Follow Oriflame here.

6. Pedometer
Професионалците за здравје препорачуваат да правиме по 10,000 чекори на ден, но просечниот човек пешачи помеѓу 3000 и 4000 чекори дневно - што е многу помалку од препорачаното! Преземањето на Pedometer може да ви помогне да ги достигнете вашите
чекори и ги мери дистанцата и косината по кои пешачите - тоа е задолжителна апликација за подобрување на вашата добросостојба.

7. BeautyPlus

За нас, вие сте секогаш убави! Но доколку сметате дека вие потребно дополнително да се разубавите, ви ја препорачуваме BeautyPlus, апликацијата што има преку 70 милиони корисници ширум светот. Искористете ги триковите на блогерките и додајте филтери за разубавување и користете ги алатките за уредување во оваа бесплатна апликација. А кога објавувате на Instagram, зошто не почнете да не следите и нас на @oriflamemk – се гледаме таму!









Текст: Фотографии: Getty images