Сјајни усни
Y2K- модата се враќа во полн ек, а тоа важи и за шминката! Полни, многу сјајни усни инспирирани од раните 2000-ти се еден од најголемите трендови оваа сезона и се движат од природни нијанси на уснидо храбри портокаловоцрвени на пролетните ревии на Giambattista Valli и Blumarine.
Неонска шминка
Неонскиот тренд е тука да остане! Неонските моливи и сенките се растечки тренд во последните неколку сезони и во последно време ги има насекаде на Instagram и TikTok. На пистата, смелите флуоресцентни очи доминираа во изгледот на модните куќи Chloe, Proenza Schouler и Versace. Можевме да видиме сè, од светло портокалов туш за очи до смели розови и сини сенки, сè до веѓите, до двоен молив во нијанси на сина и зелена - секогаш во комбинација со блескава кожа и сјајни усни!
Природна шминка
Природниот изглед без шминка е секогаш во мода! Изгледот на шминката оваа сезона беше скромен и чист со фокус на природниот тен со здрав изглед и допир на проѕирен балсам за усни. За свежа, совршена кожа што ја сакате, посегнете по хибридна шминка или многу лесна течна пудра.
Изглед на туш за очи во облик на крилја
Тушот за очи е генерално голем тренд оваа сезона и ако малку се плашите од неонскиот тренд, наместо тоа земете црн туш за очи, молив и црна сенка! Многу варијации на овој драматичен изглед можевме да видиме кај модните куќи Balenciaga, Chloe i Rick Owens. Ајде да ги одвоиме различните стилови:
- Готски изглед – црна сенка над целиот очен капак што се протега во облик на крило, сè до слепоочниците, можевме да видиме во модните куќи Rick Owens и Balenciaga.
- Туш за очи со двојна линија инспириран од 60-те – во последно време можеше да се види насекаде на социјалните мрежи и на модните писти: два потези црн туш за очи и бел молив или непополнет простор меѓу нив.
- Дебел и зашилен – Chloe и Balenciaga претставија модели со дебели хоризонтални линии на ајлајнер со долги прави линии до слепоочниците.
- Пренаглсени краеви – mоделите на Valentino носеа дебел, пренагласен туш за очи кој започнуваше од аголот на окото и драматично се виткаше кон слепоочницата.
Одлична шминка од 80-те
Блесокот е насекаде во моментов и ние сме тука за тоа! Се враќаат сините и виолетовите очни капаци во стилот на 80-тите, кој би помислил ?! Ревиите на Blumarine, Lanvin и Laquan Smith имаа модели кои носеа сјајни моливи за очи, двобојни металик сјајни сенки во виолетова, златна или темно сина боја. Ако сенките и облиците на 80-тите ве плашат, никогаш нема да погрешите со очните капаци во интензивно светкави златни нијанси!
Најпопуларните изгледи оваа сезона нудат нешто и за смелите и за ненаметливите, така што ќе бидете во тренд, без разлика дали користите готски изглед, храбар неонски молив за очи или само малку многу светол сјај за усни и лесна течна пудра!