Мицеларна вода - зошто е толку популарна?

Можеби и порано сте слушнале за мицеларната вода, рекламирана како "тајната за убавина на французинките". Таа е алтернатива на средството за чистење на лице која не се измива и не содржи сапун, но, дали навистина е толку добра? Истарживме.

ККАКО ФУНКЦИОНИРА МИЦЕЛАРНАТА ВОДА? 
Мицеларната вода е направена од мицели, масни маслени молекули со нано-големина потопени во вода. Нечистотијата и маслата ги привлекуваат мицелите, така што кога ќе ги ставите на кожата, тие го собираат себумот и ја раствораат пминката. Нема потреба од плакнење, само нанесете со памучен тупфер и оставете да се апсорбира пред да нанесете хидратантен крем. 


ТРЕБА ЛИ ДА ЈА ПРОБАМ? 
Мицеларната вода е посебно добра за оние кои имаат чувствителна или многу сува кожа. Доколку пенливите средства за чистење на лицето ви ја сушат и затегнуваат кожата, тогаш заменете ја вашата рутина за чистење лице со мицеларна вода. Но запаметете: таа не е темелна како средствата за чистење, затоа избегнувајте водоотпорна или долготрајна шминка која потешко се отстранува.

Доколку сте загрижени за стареење или сте склони кој акни, мицеларната вода нема да биде толку ефикасна како таргетирано дуо од средство за чистење и тонер. Сепак, ќе во овозможи алтернативе за отстранувачот на шминка и може да биде мошне ефикасен производ за пред-чистење.

 ПРЕСУДАТА:
Идејата дека мицеларната вода е отстранувач на шминка, средство за чистење на лице, тонер и навлажнувач, се во едно е нереална - ниеден производ не е толку добар!

Сепак, претставува отстранувач на шминка кој е брз и лесен за користење и нежен на кожата. Доколку имате сува или чувствителна кожа, вреди да извесирате во ваков производ (пробајте го Diamond Cellular), но сепак ќе треба да користите и хидратантни и производи со СПФ за преку ден.

За другите типови на кожа, мицеларната вода може да се користи сама по себе. Може да ја користите како одлична замена за средството за чистење на лице кога сте некаде каде имате ограничен пристап до вода, а треба да ја хидрирате кожата или да ја отстраните шминката на брзина. Но, за секојдневна употреба користете потаргетиран и поцелосен пристап кон негата на кожа.

Текст: Фотографии: Fotolia