КАКВА УЛОГА ИМА ВРЗ ВАШАТА КОЖА
Како што знаете и сами, зимското време не е погодно за вашата кожа. Ладниот ветар и ниските температури, како и поминувањето повеќе време дома, ја прават вашата кожа сува. Но не откажувајте се! Постојат начини со кои повторно ќе си ја вратите вашата блескава кожа.
За тоа се тука капсулите со масло за лице NovAge Nutri6 - со шест скапоцени природни масла, кои длабоко ја негуваат, истакнуваат и заштитуваат вашата кожа од слободните радикали. Вашата кожа повторно ќе биде жива и ќе добие мазност, сјај и тон. Кога потрошувачите ги испробаа капсулите, беа 100% задоволни, бидејќи во рок од 4 недели забележаа подобрување на изгледот на својата кожа.
ЗОШТО СЕ ЕФЕКТИВНИ
Капсулите со масло за лице NovAge Nutri6 содржат уникатен микс на масла, богати со масни киселини, липиди, антиоксиданти, витамини и минерали. Заедно тие длабоко ја негуваат и ја заштитуваат кожата. Ова се придобивките од секое масло:
Масло од сусам: богато е со витамини за навлажнување и за омекнување, со минерали и со липиди. Антиоксидантите ќе помогнат при заштита на вашата кожа од штетните слободни радикали.
Масло од авокадо: богато е со слободни полимери, кои ја негуваат, истакнуваат и помагаат при заштита на природната липидна бариера на кожата. Антиоксидантите ќе помогнат при заштита на вашата кожа од штетните слободни радикали.
Масло од семка од праска: има навлажнувачки дејства за мека и флексибилна кожа.
Масло од лимнанта: богато е со минерали за регенерирање, липиди и масни киселини, кои ќе направат вашата кожа да изгледа негувано и меко.
Масло од црна рибизла: богато е со омега 3 и омега 6 масни киселини, кои прават вашата кожа да изгледа меко, флексибилно и здраво.
Масло од семе од соја: богат извор на есенцијални масни киселини, ја негува вашата кожа и ја прави мека, мазна и навлажнета.
КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ
Капсулите можете да ги користите како суплементи во вашата секојдневна грижа за кожа, со што ќе ѝ дадете дополнителна нега. Може да се користат наутро или навечер, по чекор 3 (серум) и пред чекор 4 (кремот). Бидејќи содржат масла, наш предлог е да ги користите навечер. Како и да одлучите, можете да ги користите толку често колку што ви е потребно. Свиткајте го врвот на капсулата за да ја истиснете внатрешноста. Со помош на врвовите на вашите прсти размачкајте го маслото врз вашето лице, врат и деколте. Почекајте неколку минути за да се апсорбира пред да го нанесете вашиот крем.