Како мириса среќата?

Среќата има мошне специфичен мирис. Всушност, некои нови истражувања велат дека луѓето можат да комуницираат позитинви емоции – како среќа – преку мирисот на нивната пот. Иако парфимерската индустрија е далеку од можноста да да ги стави “среќните” молекули на потта во шише. Веќе одамна парфемите ги имаат доловено спцифичните ароми кои будат чувства на задоволство. Еве дел од нашите омилени мириси кои прават да се чувствувате добро.

ЈАГОДИ 
Еден здив од свежи јагоди не само што е вкусен, туку и се верува дека ги зголемува будноста и концектрацијата.

ЛАВАНДА
Како честа состојка во мирисите, лавандата е позната по тоа што опушта и го подобрува расположението. Доколку се наоѓате во стресна ситуација или сакате да оддадете чувство на доверба, лавандата е мирисот за вас.

ВАНИЛА
Се вели дека слаткиот мирис на ванила ги намалува стресот и вознемиреноста. Оваа смирувачка миризба е идеална за моментите во кои ви треба засилување на довербата и оптимизмот

ЈАСМИН
Во ароматерапијата, јасминот се користи како анти-депресант. Ова деликатно, слатко миризливо цвеќе има својства на неверојатно подобрување на расположението и намалување на стресот.

ЈАБОЛКИ И КРУШИ 
Издигнете се и наполнете се со енергија со мирисите на јаболки и круши. Овие состојки кои предизвикуваат насмевка можат лесно да помогнат во надминување на вознемиреноста.

ЦИТРУСНИ ОВОШЈА
Портокали, лимони и грејпфрути не се само добри за вашето здравје, туку нивниот мирис има и одлична способност да го подобри расположението. Цитрусните мириси се одлични за зголемување на будноста, затоа прснете со ваков парфем кога сакате да се чувствувате подобро.

СВЕЖО КОСЕНА ТРЕВА
Се вели дека свежо косената трева прави да се чувствувате повесело и релаксирано, и исто така се поврзува со подобрена меморија. Ако немате тревник за косење, тогаш побарајте мирис со свежи мирисни ноти на трева.  

Нашиот совршен мирис

HAPPYDISIAC 

Мајсторот-парфимер Olivier Cresp, се смеата за еден од најталентираните парфимери на своето време. Лоциран во Париз, тој е креатој на светски познатите парфеми “Angel from Thierry Mugler”, и од скоро на парфемот на Орифлеим “Happydisiac Woman”, кој го создадоа заедно со младиот парфимер Elise Benat.

Happydisiac ги спојува мирисот на сочни згмечени јагоди и префинетиот египетски јасмин. Развиен околу концептот на “емотивна кутија со алатки”, овој мирис ги доловува и спојува “среќните состојки” во еден парфем кој е достоен за вашата насмевка.

Купете Happydisiac овде.



Текст: Sophia Marinho de Lemos

Текст: Фотографии: Shutterstock