Што е рутина за нега на кожата?
Рутина за нега на кожата е сет од производи што заедно дејствуваат за да постигнат поделотворни резултати од индивидуалните производи. Нашите научници создаваат состави што дејствуваат поединечно, но и во хармонија со други производи, за да постигнат уште подобри резултати. Составот на производот, видот на составот, делотворноста и кога се користат во рутината играат клучна улога за здравјето на твојата кожа.
Зошто рутината за нега на кожата е поделотворна од индивидуалните производи?
Нашите научници работат за да ја разберат сложеноста на составите и нивното заемно користење. Се земаат предвид намената, делотворноста, користењето повеќе состави истовремено и нивниот ефект врз кожата. Се создаваат различни производи за различни промени. Следењето целосна рутина соодветно ќе ја исчисти, хидрира и негува твојата кожа и ќе ти ги даде најдобрите резултати.
Дали сите чекори од рутината се еднакво важни?
Производите во рутината се создадени да дејствуваат заедно, по посебен редослед, за да овозможат најдобри резултати. Кога објавуваме тврдења како „до 49% моментално намалување на брчките“ за линијата Ecollagen или „70% поголема еластичност“ за Ultimate Lift, се повикуваме на резултатите од клиничките тестови за користење на рутината како дел од дневната рутина.
Кога да користам дневен/ноќен крем?
Кожата има природен циклус. Во текот на денот се бори со штетните влијанија, а во текот на ноќта заздравува од нив. Производите што ги користиш треба да одговараат на овој циклус. На пример, дневниот крем често содржи СПФ за да ја заштити кожата од штетните сончеви зраци, додека ноќниот крем се концентрира повеќе на негата на кожата за време на ноќта.
Зошто ексклузивните рутини за нега на кожата NovAge на Орифлеим се толку делотворни?
Неверојатно сме горди на нашите ексклузивни рутини за нега на кожата и на нивните беспрекорни резултати! Рутините се резултат на ригорозни научни истражувања за стареењето на кожата и за видливоста на нејзиното стареење. Производите се внимателно приспособени да ги одложат знаците на стареење и да ја намалат нивната видливост. Горди сме што нашите ексклузивни рутини за нега на кожата се едни од најнапредните во индустријата за нега на кожата!
Ако сѐ уште не си се одлучил, помисли на другите начини на кои рутината за нега на кожата може да му одговара на твојот животен стил. Одвојувањето време секој ден за негување на кожата создава момент на спокој за тебе. Во Орифлеим и понатаму се инспирираме од тебе и од твоите ритуали за убавина, за да направиме нови иновации за убавина! Прочитај повеќе за нашиот научен процес тука.