Основи на нега на коса

Природните производи за нега на коса достигнаа значителен развој. Овие денови тие се подолготрајни, поефикасни и формулирани подобро од било кога. Ги разгледуваме најсилните состојки, за да видиме дали природата може да ги реши сите проблеми со косата.

ШТО ПОДРАЗБИРАМЕ ПОД ПРИРОДНА НЕГА НА КОСА?

Иако е тешко да го ограничиме поимот "природна", ние сметаме дека состојките треба да потекнуваат од растенија и други природни извори. Овие состојки се механички екстрактирани и користат природни растворувачи, наместо хемиски алтернативи.

ПРИРОДНИ СОСТОЈКИ ЗА НЕГА НА КОСА

ТЕНКА КОСА

Тенката, кршливата и оштетената коса можете да ги третирате со мед. Медот е фантастичен омекнувач и измазнувач на коса бидејќи во својт состав има бројни хранливи состојки, меѓу кои амино киселини и витамини кои ја потхрануваат косата.

Млекото е уште една здрава опција, која е богата со протеини кои и обезбедуваат потхранување и регенерација и сила на косата. Млекото е исто така богато со витамини А и Б6 кои ја прават косата мека и сјајна.

Препорачуваме: Milk & Honey

”Веруваме дека состојките треба да потекнуваат од растенија и други природни извори.”

СУВА КОСА
Миењето, четкањето и сушењето со фен ја прават косата сува и безживотна. Доколку имате крш

лива коса, барајте природни масла за нега. Маслото од марокански арган има висока концентрација на витамин Е, антиоксиданти и масни киселини кои го прават популарен третман за нега на коса. Тоа претставува една од најефективните состојки кои ја подпбруваат еластичноста на косата, помагаат за полесно контролирање на непослушната и поправање на оштетената коса. Исто така можете да пробате и екстракт од корен од чичок које богат со витамин А, кој со векови наназад се користел за нега и поттикнување на раст на косата. 

Препорачуваме: Eleo

ПРВУТ
Веројатно сте виделе дека маслото од чајно дрво е состојка која ја има во бројни производи за нега на кожа против мозолчиња, но оваа австралиска состојка е исто така идеална за смирување на иритираниот скалп и природно третирање на првут. Друг природен лек против првут е алма маслото, смирувачко масло богато со витамин Ц популарно во Индија. Ѓумбирот кој има природни анти-воспалителни  својства, е уште еден ефективен третман за сув скалп.

Препорачуваме: Hair X Шампон против првут

БЕЗЖИВОТНА КОСА
Шикакаи е нешто кое се нарекува "овошје за коса" бидејќи има прочиствувачки својства. Природно благ, неговата ниска ph вредностзначи дека не ги отстранува природните масла на косата, што го прави одличен за сите оние кои сакаат да ја негуваат косата со природни производи. 

Доколку саката нешто посилно, тогаш пробајте го моринга маслото, една доза на ова заврстувачко масло има повеќе витамин А од морковот и повеќе витамин Ц од портокалот, а да не заборавиме и дека е богато со антиоксиданси и есенцијални аминокиселини.

Препорачуваме: Hair X Шампон за обновување на сјајот на косата

БОЕНА КОСА
Ултра-хранливото масло од баобаб ја негува косата оштетена со бојосување. Добиено од дрвото баобаб, ова масло содржи витамини А, Д, Е и Ф, кои ја поправаат и подмладуваат косата, додека пак омега 3, 6 и 9 масните киселини се борат против слободните радикали и ја оржуваат косата хидрирана од коренот до врвовите.

Препорачуваме: Hair X Шампон за заштина на боена коса 

Текст: Фотографии: Shutterstock